26 Април, 2024
0.0329

Енекод го одложи стечајот за ФЕНИ!

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Енекод, потенцијалниот инвеститор во комбинатот за фероникел ФЕНИ, успеа да го одложи рочиштето во основниот суд во Велес за одлучување за стечајната постапка која ја покренаа трите банки доверители со тоа што побара изземање на велешкиот суд.

Нивното барање ќе треба да го разгледа суд од повисока инстанца и да одлучи под чија надлежност ќе се спроведе стечајната постапка што е еден обид со правни средства за одложување на поведениот процес.

Енекод и натаму е во игра да постигне договор со Комерцијална, Стопанска и Силк роуд Банка кон кои ФЕНИ должи 40 милиони евра. Банките тврдат дека тие треба да дадат согласност за новиот сопственик на ФЕНИ кој ќе ги презеде обврските од Кунико и бараат солиден бизнис план кој ќе гарантира како континуирано работење на фабриката, така и гарантирање дека долгот ќе се сервисира.

Енекод од своја страна пак, тврди дека е нов сопственик на ФЕНИ бидејќи постигнале договор со Кунико и дека се подготвени да вложат во компанијата како и да ги сервисираат долговите, но банките кон нив поставиле неразумни услови. 

Енекод може да достави подобрена понуда која ќе биде прифатлива за банките. Во игра за преземање на ФЕНИ се наводно и уште два инвеститора кои според банките се во подобра финансиска состојба од Енекод. Во меѓувреме работниците и синдикатот на ФЕНИ излегоа на протести несогласувајќи се со можноста за поведување стечај што ќе биде спротивно на нивните интереси. 

Покрај 40-те милиони кои ФЕНИ ги должи кон банките останатите доверители имаат побарувања во износ од 20 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката