06 Мај, 2024
0.0235

Еразмус плус – синоним за квалитет во образованието

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија и во 2017 година продолжува да биде полноправна членка на Еразмус плус програмата на Европската Унија и корисник на средствата за поддршка и развој на образованието, обуката, младите и спортот.

„Се работи за програма која е исклучително значајна компонента на севкупната национална статегија за интеграција на македонскиот образовен простор, а преку која во изминативе 3 години искористивме речиси 11.5 милиони евра. Буџетот кој ќе ни биде достапен преку оваа програма за следната година е практично најголем досега и изнесува 6,25 милиони евра, што е зголемување за цели 78.5% во однос на стартната 2014 година, кога изнесуваше 3.5 милиони евра, а во следните две години се зголеми на 4 во 2015, односно 4.74 милиони евра оваа година“, рече Спиро Ристовски, заменик – министер за образование и наука.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, м-р Дарко Димитров, на денешната конференција за печат ја презентираше новата промотивна кампања, која ќе трае до крајот на декември 2016 година.

„Република Македонија имаше на располагање речиси 5 милиони евра од Европската комисија од фондовите за Еразмус плус во 2016 година. Досега, се обврзани 93%, но во тек се постапки на потпишување на договори за грант, како и прием и евалуација на проекти од последниот рок за програмата за 2016 година. Со завршување на овие активности очекуваме искористеност на средствата од над 97%“, рече Димитров на денешната средба со новинарите.

Со сите доделени грантови, до овој момент, се опфатени 93 институции меѓу кои универзитети, училишта, младински невладини организации и компании. Со новата кампања ќе се презентира работата на Националната агенција, ќе се презентираат добри практики одуспешно реализирани проекти и отворените можности за Македонија преку целосното учество во програмата Еразмус плус. Кампањата ќе се реализира во Скопје, Штип, Битола, Дојран, Крива Паланка и Струга каде ќе се одржат Инфо денови, како и во Прилеп и Велес, каде инфо деновите ќе се организираат во соработка со локалните самоуправи.

Во рамките на кампањата, ќе биде организирана и Валоризациона конференција со презентации на успешни проекти од Еразмус плус. Исто така ќе се одржат и информативни работилници во соработка со стопанските комори во Тетово и Скопје“, објасни Димитров.

Оваа година, Европската Унија прославува 20 години постоење на волонтерскиот сервис. По овој повод, Националната агенција ќе организира и обуки за волонтери и годишен настан посветен на Европскиот ден на волонтерството – 5ти декември. Исто така, Националната агенција ќе организира и ЕКВЕТ конференција во Скопје во насока на подигнување на свесноста и интегрирање на Република Македонија во европските текови во стручното образование.

Директорот на Националната агенција ги информира училиштата дека во тек е потпишување на дополнителен амандман на договорот помеѓу Европската комисија и Националната агенција, со што ќе се обезбедат дополнителни 375.160 евра за финансирање на 19 грантови за училиштата и нивите активности.

„Тоа што нас во Националната агенција особено не радува е тоа што Еразмус плус стана синоним за квалитет во образованието, предзнак за мобилност која генерира знаење и можност за создавање професионални мрежи за меѓународна соработка“, заврши Димиров.

Тој ги повика сите организации кои дејствуваат на полето на младите да аплицираат со своите предлог проекти најдоцна до 4-ти октомври 2016 година.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“