ЕРДОГАН ГИ НАВРЕДИ САД: Америка не може да се нарече цивилизирана држава
Објавено во: Балкан 21 Октомври, 2017
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги критикуваше САД поради, како што вели, недемократските обвинувања против неговите телохранители.
Тие се обвинети поради тепачка со демонстрантите за време на посетата на Ердоган на Вашингтон во месец мај.
„Велат дека САД се колевка на демократијата. Тоа не може да биде вистина. Тоа не може да биде демократија“- рекол Ердоган.
Тој смета дека Америка не може да се нарече цивилизирана држава.
Ердоган претходно нагласи дека обвиненијата не се обврзувачки за Анкара.
Тепачката меѓу телохранителите на Ердоган и курдските демонстранти кои биле против неговата посета на Вашингтон дополнително ги заладија односите меѓу Турција и САД.
Остри изјави претходно Ердоган имаше и за Европа и Германија.