Ердоган најави: Милион Сиријци може да дојдат од Алепо
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека најмалку еден милион Сиријци може да пристигнат во Турција, ако има масовен бегалски бран од Алепо, соопшти Ројтерс.
Контролираниот од бунтовниците источен дел на градот Алепо е под опсада од сириски и руски сили.
Во говорот во претседателската палата, Ердоган посочил дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за повлекување од Алепо на групата позната официјално како „Фронт ан Нусра“ и наречена сега Џебхат Фатах аш Шам.
Оваа група беше сириски огранок на Ал Каеда, пред да се преименува и да раскрсти со терористичката мрежа.