26 Април, 2024
0.2884

Ердоган вели дека на Германија треба да и се суди за помагање на терористи

Објавено во: Балкан 04 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ги обвини Германците дека нивната земја е вистинско прибежиште за терористите. 

Жестоките критики на Ердоган кон Германија доаѓаат откако германските власти одлучија да откажат три собири за поддршка на Ердоган и референдумот за воведување на претседателски систем во Турција.

„Спречија моите министри за правда и економија да говорат на собирите. Требаше и јас да се обратам на видео бимовите“- изјави Ердоган.

Тој ја обвини Германија дека ги толерира собирите на Курдите чии што организации Турција ги смета за терористички и порача дека на Германија треба да ѝ се суди поради тоа што ги прифаќа и им помага на терористите.

Реагираа од германското Министерство за надворешни работи од каде што изјавите на Ердоган ги оценија како апсурдни.

Во Германија се проценува дека живеат три милиони Турци, коишто се бројно гласачко тело за турските власти.

Германската канцеларка Ангела Меркел која што се наоѓа во посета на Тунис, веднаш ги отфрли таквите обвинувања на Ердоган. Таа не ја пропушти приликата да упати остри критики на сметка на слободата на медиумите во Турција.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)