EРДОГАН ЖЕСТОКО МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: Турција вака го возврати ударот кон САД
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Турција донесе одлука за зголемување на царините на увозот на низа американски производи, допринесувајќи им така на тензиите со САД кои го зголемиија падот на турската валута.
Меѓу производите на кои се воведува дополнителна царина се ориз, возила, алкохол, јаглен и козметика.
Одлуката е објавена во службен весник.
Потпретседателот на Турција Фуат Октај наведува на Твитер дека одлуката е одговор „во рамки на принципот на реципроцитет , за намерни економски напади на САД“.
Односите меѓу двете земји се влошија по апсењето на евангелистичкиот свештеник Ендрју Брансон во Турција. Во врска со тоа, администрацијата на американскиот претседател Донал Трамп воведе санкции за два министри на турскиот кабинет и предупреди на дополнителни мерки, доколку случајот наскоро не се реши.