27 Април, 2024
0.0354

Erste Breakfast – конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Четврта година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во х.„Мериот“ се одржа конференцијата „Erste Breakfast“. Свое учество на оваа конференција имаа значајни аналитичари и експерти од оваа реномирана банкарска групација, како и од македонскиот финансиски сектор, кои ги дадоа своите предвидувања за движењето и развојот на финансиските пазари во Европа и во регионот. Како дел од своите обраќања, експертите и аналитичарите истакнаа и повеќе препораки за справување со глобалните и локалните предизвици што влијаат врз одржувањето на стабилна монетарна политика и стабилните услови за инвестирање во земјата и во регионот.

Во ова интересно време на предизвици во светската економија, ситуацијата со Брегзитшто ѝ се случи на Европа, како и мигрантската криза, Македонија и оваа година се наоѓа на мапата на инвеститорите и е предмет на анализи што ги вршат исклучителни експерти од Ерсте Групацијата.


„Ова е четврта конференција на Ерсте Групацијата во Република Македонија. Финансиските пазари ги интегрираат сите информации, како меѓународните, така и домашните, и преку анализата на тие информации може да се предвидат идните економски движења. Од она што досега го слушаме, економската обнова во регионот и во Европа добива на моментум. Исто така, централните банки продолжуваат со акомодативната монетарна политика, со очекување дека Централната банка на СAД првото зголемување на каматните стапки ќе го направи во декември годинава, а најверојатно лабавата монетарна политика ќе продолжи во Европа некаде до март/април наредната година. Од тој аспект е и реакцијата на финансиските пазари, каде штоцените на акциите почнуваат да растат,а цените на недвижностите во високоразвиените земји го достигнуваат својот максимум. Во Република Македонија овие тенденции се поблаго изразени имајќи ги предвид и политичките случувања, а исто така имигрантската криза, ида се надеваме дека со решавањето на овие фактори, движењата што се присутни во регионот ќе зајакнат и во Република Македонија“ - изјавипретседателотнаУправниотодборнаШпаркасеБанка,г. Бишев.

Се надеваме дека оваа конференција ќе претставува поголема инспирација за сите аналитичари и финансиски експерти да дадат свој придонес во расветлување на можностите за поголем економски развој и поголема транспарентност за инвестирањето во земјата и во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“