26 Април, 2024
0.0310

ЕУ нуди 65 милиони евра за проекти од програмата интелигентна енергија

Објавено во: Финансии 28 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Компании и институции од Македонија можат да добијат финансии за реализирање  проекти преку Програмата интелигентна енергија на Европската унија.  Со тековниот повик на Европската комисија за таа програма за годинава се одвоени 65 милиони евра и се очекува да бидат одобрени 60-ина проекти на ниво на цела Европа.

- Приоритети во проектите  според потпрограмите се енергетска ефикасност и рационална употреба на ресурси (SAVE), обновливи извори на енергија (AlTENAR), енергија во транспорт (STEER) и заеднички иницијативи од тие области, информира денеска на прес-конференција Јадранка Аризановска, претставник на Стопанката комора на Македонија.

Од 120 милиони евра што за програмата интелигентна енергија биле одвоени лани,  само еден  проект од  одобрените 100-ина бил од Македонија. За  поголем одзив на повикот на ЕК што трае до 8 мај годинава,  комората веќе спроведува информативни денови и обуки за процедурите за аплицирање и за подготовка на проекти. Првично има интерес од над 70 домашни компании.

Според Аризанкоска, процедурите за аплицирање од европските прогами не се секогаш едноставни и треба да се запазат сите правила. Право на учество имаат сите компании и институции од Македонија. Правилата налагаат проектна апликација да може да поднесе конзорциум од минимум 3 партнери од 3 различни земји. Тоа, истакна Аризанкоска, на некој начин претставува и мал проблем за домашните компании бидејќи тука доаѓаат до израз и нивните контакти со компании од други држави и развивање деловни односи  кои се значајни за да се подготви добра проектна документација.

- Втора пречка на некој начин и нешто на што мора да се навикнат нашите компании е дека апликациите се поднесуваат исклучиво електронски. Но, добро е тоа што ЕК дозволи Агенцијата за конкурентност и иновативност  да ги прима на увид проектните идеи од тие што сакаат да аплицираат, што значи дека секоја таква проектна идеја од наши компании ќе подлежи на евалуација и ќе бидат дадени сугестии каде треба да се подобри, што е големо олеснување за компаниите, оцени Аризанкоска.

Буџетот од 65 милиони евра е наменет за проекти за креирање политики и пазарни услови за енергетска ефиканост и обновливи извори на енергија, промоција на енергетска ефиканост и рационална употреба на енергија, зголемување на употребата на алетернативни енергетски извори, поддршка за внесување најнови технологии, размена на искуства. Предвидено е и финансирање проекти за градови и региони за одржлива енергија.

Од програмата за конкурентност и иновативност, за годинава клучен приоритет на ЕК е делување во градежниот сектор, како најголем потрошувач на енергија. Предност ќе имаат проекти  со приоритети  реновирање постојани згради и објекти за граѓани, индустријата и изградбата на згради со многу мала потрошувачка на енергија, како и тие со постојан развој на професионалци во градежен сектор.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат