ЕУ: Руското бомбардирање на Алепо можеби е воено злосторство
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2016
ЕУ остро ја осуди Русија за предизвикување на „невидено страдање“ преку своите бомбардирања во сирискиот град Алепо и истакна дека воздушните напади на Москва и Дамаск можеби се еднакви на воени злосторства, пренесува AФП.
- Од почетокот на офанзивата на режимот и неговите сојузници, особено Русија, интензитетот и големината на воздушните бомбардирања на источниот дел на Алепо се очигледно несразмерни, велат министрите за надворешни работи на ЕУ во изјавата по состанокот во Луксембург.
- Намерното бомбардирање на болници, медицински училишта и важна инфраструктура, како и користењето на буре-бомби, касетни бомби и хемиско оружје, претставува катастрофална ескалација на конфликтот и може да се споредува со воени злосторства, велат тие.