ЕВАКУИРАН АЕРОДРОМ ВО ГЕРМАНИЈА: Koja e причината?
Објавено во: Свет 07 Август, 2018
Делови од аеродромот во Франкфурт се евакуирани и запрено е качувањето на патниците во авионите, бидејќи „најмалку едно неовластено лице влегло во безбедносната зона“.
Ова го објави портпаролот на германската федерална полиција Реза Ахмари.
Ахмари рече дека во тек е полициска проверка на сите лица во безбедносната зона.
Германската полиција претходно на Твитер објави дека „на Терминалот 1 на аеродромот во Франкфур во тек е полициската операција, во чии рамки е запрено качувањето (во авионите) и се врши проверка на нивоата 2 и 3 во безбедносната зона“.
Авиокомпанијата „Луфтханза“ на Твитер го потврди блокирањето на аеродромот, нагласувајќи дека засега не може да каже детално колку летови ќе бидат откажани.
Полицијата минатиот месец го блокираше и евакуираше Терминалот 2 на аеродормот во Минхен, откако 40-годишна жена минала низ зоната за проверка без да помине преку безбедносниот скенер. Поради овој инциент беа откажани речиси 330 летови со над 32.000 патници.
Аеродромот во Франкфурт е најфреквентниот во земјаата, со регистрирани 64,5 милиони патници во 2017 година.