29 Април, 2024
0.0279

ЕВЕ КАДЕ ВО ЗЕМЈАВА ЌЕ СЕ ОТВОРИ „ЛИДЛ“: Српските медиуми пишуваат за можните градови, па дури и за висината на платите

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Српскиот медиум Б92, пишува дека неофицијално, Лидл ќе ги отвори првите продавници во близина на соседите во 2026 година.

„Малопродажниот синџир Лидл, дел од германската групација Шварц, се подготвува да започне со работа во Македонија. Неофицијално се споменува 2026 година кога македонските клиенти ќе можат да пазаруваат во продавниците на Лидл.Покрај купувањето земјиште за изградба на продавници, на огласите за вработување постојано се бараат лица кои би се вработиле во планираниот логистички центар, најверојатно во Куманово и во продавниците што би се отвориле во повеќе градови низ државата. Деновиве беше најавено дека во Битола ќе започне изградбата на првата продавница на Лидл. Дури беше објавен датумот (3 август) на почетокот на работата на една од двете купени парцели во Битола“.

Според информациите на кои е повикуваат, маркетот Лидл ќе биде лоциран кај кружниот тек „Дулие“, на местото на старата млекарница, под Еврејските гробишта. Според истиот извор, градежните екипи деновиве го исчистиле просторот што бил ограден и поставиле градежна табла на која пишува дека објектот ќе се гради за една година, до 3 август 2024 година. 

„European Supermarket Magazine (ESM), со седиште во ирската престолнина Даблин, неодамна објави дека Лидл ќе отвори продавница во туристичкиот центар на Охрид, во близина на новата автобуска станица. Од Лидл во Македонија не сакаа да ја потврдат или демантираат оваа информација. Велат, кога ќе имаат што да споделат со јавноста, тоа ќе се направи. Во меѓувреме се објавуваат огласи за вработување лица за работа. Како што може да се види од огласите објавени деновиве, се нудат плати од 20.922 денари за административни занимања, 39.113 денари за координатори на проекти до 45.517 денари за ИТ поддршка и ИТ експерти. Според неофицијални информации, тие веќе вработиле кадар на клучни позиции, а обуката за нововработените главно се спроведува во продавниците на Лидл во Бугарија, а на некои локации во Хрватска и Германија“ пишува Б92.

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски