ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2024
Во текот на претстојната вечер и ноќ, и тоа во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, кога сите ние сме во црква, територијаната на Македонија ќе се наоѓа под влијание на свежа воздушна маса од север, но времето ќе биде претежно суво и без врнежи, а облачноста постепено ќе се намалува, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, што значи дека ќе бидат под просекот за месец мај, па така облекувајте се во малку потопла облека вечерва, а чадор нема да ви биде потребен. Во Скопје ќе имаме слично време, релативно свежо, суво и со слаб до умерен ветер од северен правец. Темпратурата ќе изнесува 8 степени“, објави тој.