Еве какво време не‘ очекува на Велика Сабота
Објавено во: Македонија 23 Април, 2022
Според Управата за хидрометеоролошки работи денес претпладне не‘ очекува променливо облачно време со локален дожд. Додека попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 15 до 25 степен Целзиусов.
А утре, се очекува поголема стабилизација на времето, односно не‘ очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, со температури до 27 степен.
Фото: ухмр