26 Април, 2024
0.0308

Еве што и подготви во договорот еврогрупата на Грција

Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Кредиторите на Грција се согласија за пакет мерки со кои грчкиот долг ќе се намали за 40 милијарди евра, со што до 2020 година ќе изнесува 124 проценти од бруто домашниот производ. По повеќе од 12 часа разговори, министрите за финансии на земјите од еврозоната, ММФ и ЕЦБ се договорија во почетокот на декември на Грција да и се дадат вкупно 43,7 милијарди евра, сума во која се вклучени три транши, од кои 31,5 милијарди се блокирани повеќе од шест месеци. Според „Катимерини“, Грција до крајот на годинава ќе добие 34,4 милијарди евра, од кои 23,8 милијарди се наменети за рекапитализација на грчките банки и за исплата на плати и пензии, но остатокот од помошта (9,3 милијарди евра) што се очекуваа наредниот месец, ќе бидат исплатени во три транши на почетокот на следната година. Министрите исто така се обврзаа да преземат понатамошни чекори за намалување на долгот на Грција до „значително под 110 проценти“ во 2022 година – што е најочигледно признавање дека од 2016 година можеби ќе треба да се отпишат некои долгови. Во 2016 година се предвидува Грција да постигне примарен буџетски суфицит. Сето ова под услов Грција целосно да ги исполни своите обврски и да ја спроведе програмата за реформи. - Кога Грција ќе го постигне примарниот суфицит и ќе ги исполни сите услови, ние, ако треба, ќе разгледаме понатамошни мерки за намалување на вкупниот долг, изјави германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле. За да се намали долгот на Грција, министрите се согласија за намалување на каматната стапка на официјалните кредити, го продолжија нивното доспевање од 15 на 30 години, а на Атина и дадоа 10-годишно одложување на отплатата на каматите. Тие исто така ветија дека ќе и дадат 11 милијарди евра од профитите во нивните национални банки кои се собрани од купувањето на ЕЦБ на намалените грчки државни обврзници на секундарниот пазар. Министрите исто така се согласија да ја финансираат Грција за да ги откупи назад сопствените обврзници од приватните инвеститори по целна цена од околу 35 евро центи. - Земени заедно, овие мерки ќе помогнат да се врати долгот на Грција до одржлива патека и да се олесни постепено враќање на финансирање на пазарот, изјави шефот на ММФ Кристин Лагард.

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син