Еве што ќе гледате во епизода 11 на „Фчерашни новости“
Објавено во: Стил 03 Февруари, 2017
Македонското здравство најдоброто во регионот, па и пошироко, откриваат „Фчерашни новости“ во најновата епизода.
Екипата анализира и какви се народните свадбарски обичаи во Македонија.
Теоретичарите откриваат: Зошто опаѓа водостојот на Охридското Езеро.
И оваа недела нека ви биде резервирана за одличен хумор и многу смеење. Епизодата 11 погледнете ја оваа недела, 5 февруари, во 19:10 часот на „Телма“.
https://www.youtube.com/watch?v=Gxdhjen_mJs
Првата реприза може да ја погледне подоцна истата вечер, а веќе од понеделник емисијата ќе биде достапна на официјалниот канал на „Јутјуб“ (https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w)
Проверете ги новостите од екипата на „Фчерашни новости“ на „Фејсбук“ (https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/) и на „Инстаграм“ (https://www.instagram.com/fcerasninovosti/)