Еве што пишуваат во регионот за доделувањето на мандатот на Заев
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2017
Медиумите од соседството пишуваат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска го доби мандатот за формирање на Влада од претседателот, Ѓорѓе Иванов.
Српски Курир ја пренесува изјавата на Заев по добивањето на мандатот, а има и наслов кој вели дека тој е икона на младите кои сакаат живот без меѓуетнички тензии.
Српски Блиц пренесува дека Заев ќе формира Влада за 10 дена.
„Крај на кризата во Македонија, Иванов го даде мандатот“, пишува бугарската Нова тв.
„ВМРО-ДПМНЕ: Од денеска Заев ја носи целата одговорност за она што ќе се случува во Македонија“, пишува бугарската агенција БГНЕС.
„Пресврт во Македонија: Иванов го даде мандатот на Заев за состав на нова Влада“, пишува „Слободна Босна“.
Вечерњи лист ја пренесува информацијата за мандатот и потсетува дека стотина луѓе ги нападнаа пратениците, а насилството го осудија ЕУ и НАТО.
Грчката државна телевизија ЕРТ потсетува дека партијата на Заев заедно со три албански артии има мнозинство во Парламентот по парламентарните избори во декември минатата година.