26 Април, 2024
0.0387

Еврогрупата ќе решава за грчкиот долг

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Рамковен договор за клучната помош за Грција декеска ќе се обидат да постигнат Министрите за финансии од Еврозоната и да ги надминат несогласувањата со Меѓународниот монетарен фонд за клучната цел - намалување на грчкиот долг.

Европски дипломати изјавија дека се блиску до постигнување договор, но не целосен, затоа што остануваат некои нерешени прашања кои можеби ќе мора да почекаат до други состаноци кои се закажани за декември.

Според други европски извори, има волја да се постигне политички договор, но финализирањето на целосен договор би можело да потрае уште неколку дена. Поради сето ова, постои можност министрите за финансии да имаат уште една средба пред крајот на ноември која најверојатно би се одржала телефонски.

Портпаролот на Европската комисија Сајмон О'Конор изјави дека се прават напори да се постигне „реално решение“, но функционери од владите на Германија, Финска и Холандија соопштија дека денеска не се очекува финална одлука.

Од друга страна, официјална Атина полага големи надежи во денешниот состанок. Извори блиски до премиерот Андонис Самарас изјавија дека ја очекуваат траншата од 31,5 милијарди евра до 5 декември, и други 13 милијарди во јануари.

По средбата со Самарас, лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос изјави дека Атина ги исполнила ветувањата кон „тројката“ и оти сега е ред на кредиторите да дејствуваат.

Лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис беше порезервиран изјавувајќи дека Атина прво треба да ја добие помошта, а потоа да бара раст.

Грција е „целосно подготвена“ за денешниот состанок, соопшти грчкиот министерот за финансии Јанис Стурнарас. Тој нагласи дека од грчка страна нема повеќе отворени прашања и оти земјата е целосно подготвена.

Грчката Влада се надева дека еврогрупата ќе постигне „политичка одлука“ за помош и привремена одлука за тоа како да се покрие дупката што се создаде од продолжувањето на фискалното прилагодување за две години, како и за тоа како долгот на земјата да се направи одржлив.

Во најлош случај, ЕУ и ММФ нема да успеат да ги решат несогласувањата околу тоа како да се справат со одржливоста на грчкиот долг.

Министрите за финансии на Германија и на Австрија Волфганг Шојбле и Марија Фектер вчера го повторија своето цврсто противење на уште едно намалување на грчкиот долг.

Официјална Атина од јуни чека на следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди евра која првично беше одобрена на почетокот од годинава. До крајот на годината, Грција исто така треба да добие уште две исплати во помош, во висина од пет и 8,3 милијарди евра, а во замена за нив вети дека ќе спроведе серија непопуларни мерки за штедење.

Шефот на ММФ Кристин Лагард, која отворено се судри со шефот на Еврогрупата Жан Клод Јункер за прашања поврзани со планот за спас на Грција, изјави дека единството е од суштинско значење за Грција повторно да застане на нозе и огромниот долг да се намали на одржливо ниво.

-Тоа е прашање на ... да бидеме сигурни дека се фокусираме на иста цел, а тоа е дека ... Грција може да работи на одржлива основа, рече Лагард во петокот.

Долгот на Грција е речиси 180 проценти од БДП и се очекува да се зголеми до 190 отсто до 2014 година. Тоа е трипати повеќе од лимитот на ЕУ од 60 проценти и далеку од она што земјата може да го поднесе, што значи дека мора да се намали на овој или оној начин.

Според сегашниот план за спас, кредиторите во приватниот сектор се согласија да отпишат 100 милијарди од грчкиот долг, и беше сугерирано и официјалните кредитори да го направат истото – опција која ММФ и Европската централна банка (ЕЦБ) ја отфрлија. Истиот план сугерираше Грција до 2014 година да го намали својот јавен дефицит – разликата меѓу владините приходи и трошоци - до границата на ЕУ од три отсто од БДП, но минатата недела и беше одобрено одложување до 2016 година. Тоа предизвикува финансиска дупка од речиси 33 милијарди евра затоа што целите се пролонгирани, и тоа треба да биде покриено од страна на владите кои не се расположени да и даваат повеќе средства на Грција, а во исто време се и под притисок да ги намалат своите трошоци по секоја цена.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)