ЕВРОПА БЕСНА НА МАДУРО: Се повеќе земји го признаваат Гваидо
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2019
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро го одби ултиматумот на ЕУ. Осум европски земји го признаа Хуан Гваидо за претседател.
Мадуро ја извести ЕУ дека ултиматумот е одбиен и дека претседателски избори во Венецуела нема да бидат одржани. Тврди дека неодамнешните избори биле легитимни.
Во меѓувреме, осум земји - Холандија, Германија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Австрија, Шведска и Данска го признаа венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо за претседател.
-Го признавам претседателот на Собранието на Венецуела, господинот Гваидо , како претседател на Венецуела, соопшти премиерот на Шпанија Педро Санчес.
Во истовреме, и британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант на Твитер ја објави својата поддршка за опозицискиот лидер.
-Николас Мадуро не повика на претседателски избори, а рокот кој ние му го дадовме е осум дена. Велика Британија со своите европски сојузници сега го признава Гваидо за привремен претседател додека кредибилни избори не бидат одржани. Се надеваме дека ова ќе не донесе до крај на хуманитарната криза-навел Хант.
Себастијан Курц пак во име на Австрија напиша:
-Режимот на Мадуро досега одбиваше да прифати слободни и чесни избори. Поради тоа, од сега , го сметаме Гваидо за легитимен претседател-наведе Курц.
Мадуро , ниту неговата влада, уште не ја коментирале одлуката на пет европски земји.
Европските земји, меѓу кои се Германија, Франција, Шпанија и Британија на владата на Мадуро и поставија осумдневен ултиматум да распише нови избори, соопштувајќи дека во спротивно, како и САД и дргуи земји ќе го признаат Гваидо за претседател.