26 Април, 2024
0.0260

Европа ја отвори сезоната на пивото

Објавено во: Стил 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Овој викенд од 24 до 26 март во каталонската престолнина се одржа меѓународниот фестивал на пивото Barcelona Beer Festival 2017. Домаќин на празникот на пијалокот од хмељ беше областа La Farga Centre d'Activitats во Hospitalet de Llobregat. Учесниците претставија повеќе од 300 видови на локални и увозни пива. Според организаторите целта на фестивалот е да демонстрира културата на потрошувачка на пиво.

Гости на фестивалот ја оценија неописливо атмосферата на празникот, вкусувајќи различни пива, слушајќи пријатна музика и уживаа во настапите на познати шпански уметници. Влезот за фестивалот беше слободен, но внатре мораа да плаќаат 7 евра за чаша пиво и 2 за дегустација на пијалок.

Покрај шпанскиот фестивал оваа пролет можете да посетите и неколку други големи настани посветени на пивото. Од 6 до 8 април во Полска на трибините на фудбалскиот стадион во Варшава ќе се одржи спектакуларен настан за љубителите на пивото. Во белгискиот град Лев во провинцијата Фламански Брабант на фестивалот Zythos ќе бидат претставени 500 сорти на пивото, екскурзии до фабриките на Stella Artois и Domus.

И по помалку од еден месец, на 11 мај, во парк "Летна" во Прага започнува двонеделниот фестивал на чешкото пиво.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти