27 Април, 2024
0.0265

Европа ќе престане да ги спасува презадолжените?

Објавено во: Свет 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Мерките за штедење, кои до неодамна се смета за најдобар "лек" за европската економија, брзо ја губат поддршка. Притоа дополнително се зголемуваат отстапките кои европските политичари ги прават кон  државите со проблеми, во форма на дополнително време за исплата на спасувачките заеми и роковите за намалување на дефицитот, соопшти„ CNBC“. Последната земја која направи ваква зделка со меќународните кредитори е Грција, а во меѓувреме и Шпанија бара повеќе време од Европската унија (ЕУ) за намалување на буџетскиот дефицит во согласност со европските правила. Како што пренесува Ројтерс повикувајќи се на високи владини извори, Мадрид ќе ја зголеми својата рамка  за дефицитот во 2013 година до 6 проценти и сега води преговори со Европската комисија (ЕК) за дополнително време за намалувањето на дефицитот под 3%. Минатата недела министрите за финансии на земјите од еврозоната им дадоа на Ирска и Португалија уште 7 години за исплата на кредитите. Министерот за економија на Шпанија, Луис де Гиндос изјави дека земјата мора да го намали буџетскиот дефицит и да врати изгубената довербата што загубија, но истовремено фискалната корекција треба да биде компатибилна нови мерки кои ќе поттикнуваат растот на краток рок. „Политиката во еврозоната во однос на земјите со прекумерен дефицит од 2013 година не е оној од 2011 година, ниту од 2012 година. На најзадолжените им се дава дополнително време да се поправат, крајните рокови за исплата на спасувачките заеми се продолжуваат , а најважно е дека кризата се прошири од периферијата кон јадрото и ги соочи големите економии со сериозни предизвици ", вели Ник Спиро од „Spiro Sovereign Strategy“. Аналитичарите коментираат дека и во Германија расположението почнува да се менува. Пеер Штајнбрук, поранешен министер за финансии на земјата ја почна предизборната кампања со ветување дека ќе ја промени политиката на буџетски ограничувања наметнати во Европа наметната од неговиот главен противник, сегашниот канцелар Ангела Меркел.

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни