30 Април, 2024
0.0258

Европската комисија смета дека зголемувањето на јавниот долг во Македонија има загрижувачки тенденции!

Објавено во: Анализа 16 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Иако државниот долг се уште е на умерено ниво, тој се зголемува во текот на последните години и дава повод за загриженост. Долгот на Централната влада изнесуваше 33,6% од БДП на крајот на јули 2013 година, во споредба со 27,8% на крајот на 2011 година. Згора на тоа,  и буџетот на новосоздадената јавно претпријатие за државни патишта беше исклучен од централниот буџет, и повеќе не е вклучен во пресметката на долгот на централната влада. Во главно, фискалното управување и фискалната дисциплина се влошија и ќе треба спроведување на среднорочната стратегија, пишува во извештајот на ЕК. Еве што друго донесува извештајот на ЕК за Македонија: Транспорт

Подготовките во областа на транспортната политика се умерено напреднати.  Сепак потребно е натамошно усогласување во делот на безбедноста и железничкиот законодавството. Како проблем се лоцира и тоа што железничкиот пазар останува и натаму затворен, но и незавршените истрaги за железничките несреќи.

Енергетика

Постигнат е одреден напредок во областа на енергетиката, особено во врска со енергетската ефикасност и регулаторната рамка за електрична енергија и пазарот на природен гас. Сепак се констатира дека напредокот за ефикасно функционирање на пазарот на енергија беше стопиран со тоа што се одложи либерализацијата. Подготовките во оваа област се умерено напреднати.

Даноци

Потребни се дополнителни напори за усогласување на директните и индиректните даноци со европското законодавство, како и да се постигне и одржува навремената обработка на податои за поврат на ДДВ во рамките на законските рокови. Борбата против даночните измами и даночно затајување и напорите за борба против сивата економија треба да биде дополнително засилена. Во целина подготовките во областа на оданочувањето се умерено напреднати.

Економија и монетарна политика

Генерално, само ограничен напредок во текот на извештајниот период. Институционалниот капацитет за eкономската политика останува недоволен и квалитетот на ПЕП се уште треба да се зајакне.
Фискалната дисциплина и одржливост на јавната потрошувачка треба да се подобри. Во целина, подготовките во областа на економската и монетарната политика се напреднати.

(Економската и фискалната политика не се усогласени со специфични структурни реформски предизвици. Иако Законот за буџет беше изменет за да се зголеми конзистентноста на стратешко планирање и буџетирање, сепак среднорочна буџетска рамка се уште недостасува . Фискалната стратегија 2014-2016 не е донесена како што се бара со закон. Институционалниот капацитет варира во голема мера меѓу централно и локално ниво .)

Статистика

Имаше добар напредок во неколку области, особено статистичката инфраструктура и секторските статистики. Потребни се поголеми напори за да се забрза усогласување со европската регулатива и за подобрување на квалитетот идостапноста на податоците, особено податоите за популацијта.

Социјала и невработеност

Постигнат е мал напредок во областа на социјалната политика и вработувањето. Невработеноста и натаму е многу висока, има ограничен напредок во постигнување на ефикасноста и инклузивноста на пазарот на труд. Долгорочна невработеност, висока невработеност кај младите луѓе, многу ниско учество на жените на пазарот на трудот и високо ниво на неформална вработеност остануваат главни предизвици. Капацитетот на социјалните партнери треба да биде зајакнат. Мерките во корист на лицата со посебни потреби и други социјално исклучени лица се недоволни. Потребно е справување со дискриминацијата на Ромите и имплементација на Стратегијата за Ромите, и тие треба да се подобрат. Општо земено, подготовките во оваа област се во рана фаза.

Индустриска политика

Постигнат е одреден напредок во областа на претпријатија и индустриска политика. Додека напредок е направен во креирањето на политиката, предизвиците остануваат во обезбедувањето на поддршката, 
иновациите и пристапот до финансии. Подготовките во оваа област се умерено напреднати.

Финансиска контрола

Забележан е мал напредок во областа на финансиската контрола. Сепак,  реформата на јавната администрација треба да биде дополнително зајакната. Значителни напори се потребни за да се заштити независноста на Државниот завод за ревизија во Уставот и да се обезбеди административен капацитет за заштита на финансиските интереси на ЕУ. Општо земено, подготовките во оваа област се во рана фаза.

Финансиски и буџетски одредби

Нема напредок во областа на финансиските и буџетските одредби. Институциите реба да обезбедат административна рамка за правилно пресметување, предвидување, собирање, плаќање, следење и известување на сопствените ресурси и тоа треба да биде  биде изградено во догледно време. Генерално, подготовките се во рана фаза.

Обработка Редакција Фактор