Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2024
Вечерва победата е наша, на сите вас кои и кажавте НЕ на Русија, ДА на ЕВропа
Европскиот фронт е гаранат дека активното и масовно учество на граѓаните ќе биде клучно за унапредување на демократијата на нашата земја.
Ова го кажа портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми на вечерашната прес-конференција.
Адеми потенцираше дека иако имало обид од опозицијата да направи страв и паника кај граѓаните, сепак, тие останале доследни на европските вредности за кои Европскиот фронт се залага.
- Гласачките кутии се затворени, но процесот на гласање се одвиваше непречено и без инциденти кои би можеле да се одразат на изборниот процес.
Во името на Европскиот фронт му се заблагодаруваме на секој гласач што ја избра европската иднина на земјата, и да ја осудиме обидот на о опозицијата преку пропаганда сакаше да сее паника и страв кај граѓаните, но не стана жртви на овие обиди.
Им се заблагодаруваме на сите набљудувачи на овие избори. Тој дух го овозможи мирното и демократско гласање.
Европскито фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, кој ќе ја запечати европската иднина на земајта. Враќање назат нема, и нема да има. На 24 април и денеска, граѓаните го кажаа своето, и европскиот фронт засекогаш ќе остане верен на вољата на гласачот.
Вечерва победата е наша, на сите вас кои и кажавте НЕ на Русија, ДА на ЕВропа
Европскиот фронт е гаранат дека активното и масовно учество на граѓаните ќе биде клучно за унапредување на демократијата на нашата земја - кажа Адеми.
На прашање на новинарите околу одлуката за гласање или негласање на претседателските избори, Адеми ги наброја сите членови кои излегле на гласање, и притоа кажа дека самиот не гласал за претседател.
Фото: Принтскрин/Фејсбук