15 Мај, 2024
0.0246

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ има 1.500 дипломци во Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ одржа средба на дипломци во Скопје со која уште еднаш покажа дека е најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава. На средбата на која освен дипломците, беа присутни и претставници на академскиот кадар од СИТИ Колеџ, беше потенцирано значењето на институцијата во обезбедување квалитетна образовната опција за севкупен развој на општеството.

СИТИ Колеџ35 години ги поддржува младите студенти и менаџери од Северна Македонија преку можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција, беше истакнато на средбата.

„Додека ја прославуваме нашата 35-годишнина, се радуваме на иднината со оптимизам и амбиција. Се стремиме да бидеме водечка институција во регионот и пошироко, обезбедувајќи извонредност во образованието, истражувањето и иновациите. Наша цел е да ги поттикнеме нашите студенти да станат глобални граѓани и лидери кои можат да се справат со предизвиците и можностите на 21 век. Создаваме трајно наследство и влијание што ќе им користи на генерациите што доаѓаат. За да се постигне оваа визија и цел, потребна ни е континуирана поддршка и партнерство меѓу нашите студенти и дипломци. Ги охрабруваме да се поврзат со своите колеги дипломци, да разменуваат искуства, да соработуваат на проекти и да ги слават нивните успеси. Затоа што тие не се само наше минато, туку и наша сегашност и наша иднина“, рече д-р Мегаклис Петмезас, заменик директорна Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ.

Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ, како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. Во Македонија има приближно 1500 дипломци до сега со што се сочинува најголемата заедница на дипломци од странска високообразовна институција во земјава.

„СИТИ Колеџ го издвојува вредносното наследство што го создаваме изминативе 35 години и општествената улога што ја имаме преку овозможување квалитетно високо образование. Како единствена образовна институција веќе 20 години ја спроведуваме стипендиската програма за ЕМБА студии во соработка со државата, Борис Трајковски, програма што дава можности секоја година нашите млади кадри да се изградат во професионалци од меѓународни размери и што ја зајакнува билатералната соработка меѓу нашата земја и Република Грција. Во 2021 година официјално станавме Европски кампус на Универзитетот Јорк и остваривме соработка за дуални програми со Универзитетот од Стразбур. Со сите овие години создавање високопрофилирани и едуцирани индивидуалци, ја даваме нашата поддршка за развојот на општеството во кое живееме, економски и културен“, истакна Марија Никовска, директор на канцеларијата во Скопје.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа воспоставена и распространета во уште 8 земји. Моментално има активни студенти од 60 држави и спроведува 38 различни програми. Станувајќи дел од Универзитетот Јорк добива статус на меѓународен кампус на овој универзитет и станува дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечката британска академска институција.

Денес, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти