18 Мај, 2024
0.0291

Европските лидери да го слушаат гласот на своето стопанство

Објавено во: Мои пари 29 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber


Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), на состанокот одржан во рамки на Конференцијата „Синергија - клуч за успехот на регионот“, што се одржа во Будва, Црна Гора, по обемната дискусија за актуелните случувања во земјите од регионот на Западен Балкан, донесе заклучоци кои се од важност за секоја земја поединечно, но и за регионот како целина.

Претседателот на КИФ, Марко Чадеж, во изјава за медиумите по состанокот на УО на КИФ, истакна дека само неколку дена по препораката на „Eurochambers“ (претставник и глас на 21 милион компании од цела Европа), Европската комисија донесе одлука да не се отворат преговори со Северна Македонија и Албанија, ниту пак да се преземаат чекори во врска со визната либерализација за косовските граѓани. Тој додаде дека КИФ како асоцијација на коморите од регионот се залага политичките лидери да го слушаат гласот на своето стопанство, а бизнис заедницата на ЕУ јасно стави до знаење дека Западен Балкан е веќе дел од европската економска структура - факти коишто КИФ се обидува да ги објасни на сите носители на одлуки во земјите од ЕУ, како и на Комисијата во Брисел.

Доколку се спореди регионот на Западен Балкан со некои од останатите земји-членки на ЕУ, подвлече Чадеж, тогаш може да се заклучи дека по бројот на компании присутни на нашиот пазар, Западен Балкан има поголемо учество во креирањето на позитивната економија на ЕУ, отколку, на пример, Малта.  Тој потенцираше дека ова не е прашање на проширување, туку дека станува збор за зајакнување на Европската заедница.

Во таа насока, од седницата на Управниот одбор на КИФ, беа донесени следните Заклучоци:

1. Коморскиот инвестициски форум (КИФ) бара од Европската унија да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, како и да се започне со примена на визната либерализација за косовските граѓани.

2. Претставниците на коморите од Западен Балкан се разочарани што некои од европските лидери не го слушаат гласот на своите бизнисмени и на европската бизнис асоцијација „Eurochambers“, која  испрати препорака до новите претставници на Европската комисија. Во пораката јасно е истакнато нивното мислење дека регионот на Западен Балкан е подготвен и е потребно што поскоро да се приклучи кон Европската унија.

3. Шесте комори од земјите од Западен Балкан продолжуваат со активностите за јакнење и поврзување на регионот. Во фаза на спроведување се два специфични проекта во соработка со Германската банка за развој „KfW“ и Германската стопанска комора, кои ќе им бидат понудени на компаниите и на членките на шесте комори од Западен Балкан, во наредниот период.

- Еден од нив е Проектот со назив „Regional Challenge Found“, во којшто КИФ во соработка со Германската банка за развој „KfW“, во првата фаза од Проектот, ќе има на располагање околу 10,5 милиони евра во форма на грантови за компании и образовни институции коишто ќе влезат во конзорциум како форма на соработка, за реализирање практична работа во образовниот процес за што подобра и поефикасна подготвеност на работната сила.
- Вториот проект, којшто се работи во соработка со Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК) и Владата на СР Германија, има за цел да го зголеми капацитетот на коморите од Западен Балкан, за да можат да одговорат на предизвиците со коишто се соочуваат нивните компании-членки, на најефикасен начин. Проектот има за цел и да ги поврзе компаниите од регионот со компании од Германија, што значи дека коморите од регионот ќе им овозможуваат на своите членки полесно да стапат во контакт со потенцијални соработници во Германија и соодветно да се подготват за работа со германски партнери.

Двата проекта кои ќе почнат оперативно да функционираат во наредните два месеца ќе донесат директни придобивки за компаниите од регионот на Западен Балкан, а за деталните информации околу нивното спроведување, компаниите ќе можат да се информираат директно од своите национални комори.




м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата