16 Мај, 2024
0.1682

Европските социјалисти и демократи ја нарекоа опозицијата националистичка

Објавено во: Македонија, Свет 01 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Опозицијата и претседателот, Ѓорѓе Иванов потврдија дека се опортунисти и кусогледи националисти, велат од групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент. 

Им  честитаа на македонските граѓани за гласањето во корист на промена на името на консултативниот референдум. 

Тие изразуваат жалење што излезноста е под 50 отсто од различни причини, но ја повикуваат опозицијата да ја почитува изразената волја на мнозинството гласачи.

„Среќни сме што гледаме дека мнозинството гласачи го поддржаа договорот за името што го постигнаа премиерите Заев и Ципрас. За жал, одѕивот не достигна 50 отсто. Манипулативната и деезинформативна кампања без преседан обесхрабри многу луѓе да излезат на гласање. Делови од опозицијата која припаѓа на семејството на Европската народна партија и претседателот на државата го бојкотираа референдумот и уште еднаш потврдија дека се опортунисти и кусогледи националисти. Срамно е што претседателот Иванов ги повика сограѓаните да не учествуваат во одлучувањето за иднината на нивната земја”- изјави претседателот на Групата на социјалистите и демократите, Удо Булман.

Тој изрази особена загриженост поради извештаите за руското мешање во изборниот процес.

Портпаролот за надворешни работи Кнут Флекенштајн, вели дека им честита на граѓаните кои излегле да гласаат на нивната зрелост и чувството за одговорност за земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното