Европа ризична за инвеститорите, Блискиот исток и Африка се посигурни!?!
Објавено во: Свет 29 Октомври, 2012
И покрај сериозните напори за спас на еврозоната, светските бизнис лидери го сметаат регионот поризичен за инвестиции од проблематичните држави на Блискиот исток или Северна Африка. Шпанија на пример е поризична од Египет, додека инвестирањето во Грција и помалку сигурно отколку во Либија или Сирија.
Ова се резултати од истражување што го спроведе консалтинг компанијата БДО меѓу претставници на среден бизнис во 14 земји. Вкупно 80 проценти од анкетираните сметаат дека Грција е ризична поради економските проблеми во земјата, а 86 проценти би ја избегнале Шпанија поради истите причини.
Најризични пазари се Иран, Ирак и Грција. За најатрактивни се сметаат Кина, САД, Бразил, Индија, Германија, Русија и Велика Британија.