Фабрика Карпош ќе земе кредит од 850 илјади евра од Прокредит банка
Објавено во: Финансии 07 Февруари, 2023
Домашната градежна компанија Фабрика Карпош ќе земе кредит од 850 илјади евра од Прокредит банка.
За ова компанијата ја извести инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна компанија објавена на Берзата.
Станува збор за одлука која ја донело Собранието на акционери на Фабрика Карпош.
Всушност, Собранието на акционери ја одобрило одлуката на Управниот и Надзорниот одбор за склучување на Договор за кредит во висиона од 850.000 евра со Прокредит банка.
„Собранието на акционери воедно го овластува Претседателот на Управниот одбор, доколку во иднина се појави потреба од склучување дополнителен Анекс кон Договорот за кредит склучен помеѓу Прокредит АГ Германија и Фабрика Карпош АД Скопје, тие да бидат потпишани од негова страна“, се вели во известувањето и се додава дека оваа одлука е во согласност со Статутот на друштвото и со Законот за трговски друштва, и има правна важност од денот на нејзиното донесување.
Фабрика Карпош АД Скопје е друштво за проектирање, производство и монтажа на бетонски полуфабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи.
Н.Н.Ф.