17 Мај, 2024
0.0381

Факти што не сме ги знаеле или сме ги заборавиле за браќата Манаки

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Оваа година во чест на 40-тото издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, кој традиционално секоја година се одржува во Битола, ХалкБанк одвојува 40 интересни факти кои вреди да се прочитаат и да се знаат. Токму поради овој голем јубилеј ХалкБанк го поддржува настанот, кој се вбројува во најзначајните културни манифестации кои се одржуваат во нашата држава.

Во овој текст ќе обрнеме внимание на факти поврзани со ликот и делата на браќата Милтон и Јанаки Манаки.

  1. Браќата Манаки биле првите филмски сниматели на Балканот. Тие биле родени во влашкото село Авдела, кое денеска се наоѓа во Егејска Македонија.
  2. Браќата Манаки потекнуваат од петдетно влашко семејство. Тие имале три сестри по име Евантија, Василика и Стерјана.
  3. Во 1905-та година се селат во Битола каде го отвориле своето „Ателје за уметничка фотографија”.
  4. Браќата Манаки во тоа време биле многу познати фотографи и имале свој печат и калиграфски потпис кој го ставале на секоја фотографија.
  5. Во 1906-та година, на покана од Карл I фон Хоенцолерн-Зигмаринген, првиот кнез на Романија, своите дела ги претставиле на светска изложба која се одржувала во Букурешт каде Јанаки се закитил со златен и сребрен медал за фотографии од лица од Македонија, односно фотографии од Влашки цркви, додека Милтон освоил златен медал за збирка негови фотографии.
  6. Започнуваат да фотографираат со голема камера марка Кодак, купена во Париз. Во текот на нивната кариера тие биле официјални фотографи на царевите на Отоманската Империја, Романија и Србија.
  7. Браќата Манаки имале и свое летно кино кое било отворено на 26 август 1921-ва година, за подоцна во 1923-та да изградат нова зграда каде на 1 декември била одржана првата кино претстава. Киното постоело до 1939-та година каде биле прикажувани најзначајните филмови од тоа време.
  8. Браќата Манаки по купувањето на филмска камера, Bioscope 300 на производителот Charles Urban&Co од Лондон, започнуваат да снимаат сцени од секојдневниот живот на жителите во нивната околина и го добиваат прекарот „Браќа на светлината на Балканот”. Овие снимки всушност го сочинуваат првиот снимен филм на Балканот, кој го носи насловот „Баба Деспина”.
  9. Голем број кино-сали го носат нивното име и секако секоја година во нивна чест се одржува реномираниот филмски фестивал „Браќа Манаки”.
  10. Фотографијата била нивна примарна дејност, со која си го обезбедувале опстанокот но она пионерското и највозбудливо што тие го создадоа е нивното кинематографско дело со „Камера 300“. Тие се основоположници на филмската уметност кај нас и на Балканот пошироко.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак