26 Април, 2024
0.0280

Факти за Фејсбук: Денеска го слави 9-тиот роденден!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Најголемата глобална социјална мрежа Фејсбук денеска одбележува девет години од своето постоење. Формирана во 2004 година од Марк Цукерберг и неколкумина негови пријатели од Универзитетот „Харвард“, Фејсбук денес има над 4.000 вработени и повеќе од милијарда корисници низ целиот свет.

Еве неколку факти за најголемата социјална мрежа! 1. Првичното име на Фејсбук кое го даде Цукерберг беше „Фејсмеш“, но по сугестии на неговите пријатели беше променето.

2. Првите „пријатели“ на Фејсбук беа од Бостон и околината, набргу проширувајќи се во САД и низ целиот свет.

3. Фејсбук денес просечно има по 618 милиони активни корисници дневно, а над 680 милиони луѓе месечно ги користат неговите мобилни продукти.

4. На Фејсбук месечно се споделуваат повеќе од 30 милијарди информации, а дневно се поставуваат над 250 милиони фотографии.

5. Просечен Фејсбук-корисник месечно троши повеќе од 700 минути на сајтот, има 130 пријатели и креира во просек по 90 содржини. 6. Секои 20 минути на Фејсбук се споделуваат по милион линкови, се прават по два милиона барања за пријатели и се испраќаат по три милиони пораки.

 7. Иако Американците со 165 милиони корисници се најбројната Фејсбук-заедница, околу 70 проценти од корисниците се надвор од САД.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти