02 Мај, 2024
0.0251

Факти за Нобеловите награди...

Објавено во: Стил 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од 1901 година Нобеловите награди се доделуваат на мажи, жени и организации чија работа доведе до значителен напредок за човештвото, токму каков што бил заветот на нивниот основач Алфред Нобел.

Алфред Нобел е влезен во историјата со откривањето на динамитот, но малку познато е дека тој бил љубител на англиска поезија. Меѓу неговите омилени автори биле Џорџ Бајрон и Перси Биш Шели. Во годината на својата смрт, 1896 година основачот на престижните награди ја пишува скандалозната драма во четири дејствија, насловена како „Немезиз". Таа  излегува од печат, но и трите нејзини копии се уништени по смртта на научникот.

Откако првите Нобелови награди се дадени во 1901 година, шест деца на Нобеловци лауреати ги следат чекорите на своите родители и подоцна во животот исто така ги добиваат престижните признанија. Во друг случај, пак, во 1915 година татко и син добија заедно награда. Семејството Кири има вкупно пет награди - две за Марија Кири, која ја доби за првпат наградата за физика во 1903 година заедно со нејзиниот сопруг Пјер и Анри Бекерел. Неколку години подоцна, во 1911 година, таа зема и награда во категоријата за хемија.

Во 1947 година Швеѓанецот Гунар Мирдал зема награда за неговиот придонес во економијата. Осум години подоцна неговата сопруга Алва Мирдал зема наградата за мир.

Од 1901 година петмина добитници на наградата за мир не успеваат да ги добијат наградите лично. Во 1936 година, германскиот новинар Карл фон Осиецки е приведен во германски концентрационен логор и не може да присуствува на церемонијата на доделување во норвешката престолнина Осло.

Во 2010 година кинескиот дисидент Лиу Саобао е спречен, бидејќи во тоа време е во затвор.

Во 1975 година рускиот дисидент Андреј Сахаров исто така не присуствуваше на церемонијата, поради својата сопруга Елена Бонер.

Полскиот синдикален лидер Лех Валенса исто така не можеше да ја добие лично наградата. Во 1983 година тој одбива да дојде во Осло, плашајќи се дека потоа нема да биде примен назад во Полска.

Опозицискиот лидер во Мјанмар, Аунг Сан Су Чи е во домашен притвор, кога ја добива наградата во 1991 година