03 Мај, 2024
0.0255

ФАКТОР АНАЛИЗА: Која е разликата меѓу кредитирање од небанкарските финансиски друштва (fintech) и банки

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Брзи кредити – тоа е една од главните карактеристики на кредитите кои ги издаваат небанкарските финансиски друштва. Во последниот период има повеќе небанкарски финансиски друштва кои даваат вакви кредити, а полека се зголемува и вкупната сума која од овие компании била одобрена и исплатена на сметките на домашни граѓани, клиенти. Иако се зголемува интересот кај граѓаните за ваков тип кредитирање, во јавноста често како неодговорени стојат некои прашања во врска со кредитите од небанкарските финансиски друштва. Од каде им се изворите на финансирање, на колкав рок се издаваат, дали се обезбедени или не. Фактор подготвува серија текстови на оваа тема. Првата анализа се фокусира на клучните разлики меѓу овие друштва и традиционалните финансиски институции односно банките.

Ги нарекуваат брзи или онлајн кредити затоа што навистина се одобруваат и исплаќаат за релативно кратко време, најчесто во минути и сето тоа комплетно автоматизирано и дигитално. Она што стои во позадината на ова „брзо“ одобрување впрочем е комплексна и напредна технологија која се употребува при процесот на проверка на клиентот и на неговата кредитоспособност, сложени алгоритми кои одредуваат кој е соодветниот износ на кредитот кој тој клиент може да го земе, пополнување на базите на податоци со формалните аспекти како согласност, договори и слично, и на крај исплата на кредитот и потоа негова отплата.

Пример за тоа е целосно дигитализираниот процес од апликација до исплата во финансиското друштво Тиго Фајнанс, кое е едно од ретките, а можеби и единствено на пазарот кое поседува напреден софтвер за целосно автоматизирана евалуација на апликациите како и одобрување на кредитите, без притоа да има потреба да се доставуваат докази за статус на вработување, висина на плата или било какво друго обезбедување.

Ги прашавме Тиго Фајнанс како тоа изгледа во пракса: „Процесот е сложен, но во симплифицирана форма изгледа вака: Клиентот може да аплицира за кредит од 2000 до 80.000 денари, и во моментот штом ги внесе основните податоци и се согласи дека истите можат да бидат обработени од страна на компанијата за соодветната цел, софтверот за менаџмент со апликациите за кредит, автоматски прави проверка во Македонското Кредитно Биро, КИБС и интерните критериуми и правила на компанијата одобрени од страна на Министерство за финансии. Доколку клиентот ги задоволува критериумите, веднаш добива информација дека апликацијата му е одобрена или одбиена и се постапува соодветно процесот. “

Технолошки системи имаат и банките, но речиси сите финансиски друштва инвестираат во најсовремени софтвери за менаџмент со апликациите за кредит, кои процесите дополнително ги забрзуваат и ги прават ефикасни. Затоа најчесто, небанкарските финансиски друштва услугите ги даваат едноставно и во неколку минути, од компјутер, мобилен телефон или директно во филијала. На таков начин се завршуваат сите процедури за аплицирање, проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена. 

Од друга страна ако банките даваат кредити и за купување стан, за поголеми домашни вложувања, во небанкарските финансиски друштва се одобруваат мали и микро кредити. Најчесто кога клиентот има непланирана финансиска потреба, непредвидени трошоци. Тоа значи дека кредитот може да биде и во износ од 6.000 денари, сума која банките најчесто немаат интерес да ја разгледуваат и  одобруваат. Кредитите од небакарските финансиски друштва се  краткорочни обврски односно се одобруваат кредити кои се најчесто до 12 месеци или со краток рок на отплата.

Како една од клучните разлики е тоа што кога се аплицира за кредит во небанкарските финансиски друштва, е што нема потреба од доаѓање во филијала или долги чекања на шалтер. Речиси без исклучок, сите небанкарски финансиски друштва овозможуваат да се аплицира онлајн или преку кој било уред со интернет конекција и кредитоспособноста на клиентот се проверува за исклучително кратко време, што не е случај кога станува збор за кредит од банка каде процедурата трае подолго, а некогаш и со недели. Во таа процедура банката бара многу документи, меѓу кои потврда за работа, потврди од жиранти, нотарски заверки итн.. Дополнително, во сите случаеви во  банките во кредитите се со обезбедување, што не е случај кај небанкарските финансиски друштва.

Во продолжение на анализата, ако се споредуваат двете финансиски институции од аспект на нивното работење, клучна разлика се изворите за финансирање. Банките се тие кои собираат депозити, односно прибираат пари од граѓаните и од фирмите, при што и едните и другите ги орочуваат сопствените средства и притоа штедат, иако и тој процес е ризичен по својата природа.  Небанкарските финансиски друштва од страна, пак сите пари за кредитирањето ги обезбедуваат од сопствени средства или по основ на позајмици  и секогаш со прилично висока каматна стапка, со оглед на тоа што ризикот поради необезбеденте кредити е поголем. Тоа значи дека има голема разлика и во чинењето на средствата, па депозитите се секако многу поевтин извор на пари што ги става банките во многу подобра ситуација и им овозможува поефтина услуга.

Впрочем, двата вида финансиски институции и не конкуренти затоа што се разликуваат по многу карактеристики, но дефинитивно нивното функционирање го унапредува финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година