16 Мај, 2024
0.0354

ФАКТОР АНАЛИЗА: Mинималната плата во Македонија, на Балканот, во Европа!

Објавено во: Анализа 30 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Владата во Македонија ја зголеми минималната плата. Според најавите, до 2016 година дел од вработените ќе добиваат 10.080 денари минимална плата, а дел, односно оние кои се вработени во текстилната и кожарската индустрија минималната плата од 10.080 денари ќе ја добијат постепено до 2018 година. Фактор анализираше какви минимални плати одредиле земјите во регионот и во Европа, но и колкави се тие минимални плати во однос на просечната пплата.  Луксембург Според, последните податоци што ги има објавено Евростат, Европската канцеларија за статистика, највисока минимална плата имаат оние кои работат во Луксембург. Односно, таму минималната плата на почетокот на оваа година изнесува 1.921 евро. Во 2013 година пак била на ниво од 1.874 евра, што е 47,7% од просечната плата во земјата. Ако се гледа низ годините наназад ќе се види дека висината на минималната плата постојано се зголемувала и како апсолутна сума и како процент во однос на просечната плата во земјата. Белгија Од почетокот на годинава, нема промена на висината на минималната плата во Белгија која останува на ниво од 1.501 евро. Исто како и во 2013 година.  Европската статистика, во послените четири години нема податок за минимална плата како процент од просечната месечна заработувачка. Последен таков податок има за 2010 година кога, минималната плата во Белгија изнесувала 1387 евра, што било 44,7% од просечната месечна заработувачка. Холандија Во Холандија на почетокот на годинава минималната плата изнесува 1.485 евра. А на почетокот на минатата година изнесувала 1.469 евра. Европската статистика, нема податок за последните три години за минималната плата како процент од просечната месечна зарботувачка. Последниот таков податок е измерен во 2011 година кога минималната плата  изнесува 43,8% од просечната месечна плата. При тоа се забележува мал надолен тренд на процентот на минималната плата во однос на просечната плата. Ирска Минималната плата што ја добиваат вработените во Ирска,изнесува 1.461 евро. Истата сума на минимална плата во исрка опстојува веќе шес години, односно од 2008 година па се до почетокот на ова година, нема никаква промена. Минималната плата е на ниво од околу 41% од просечната плата во земјата. Франција Француската минимална плата на стартот на оваа година изнесува 1.445 евра. Претходната година изнесувала 1.430 евра. Инаку, минималната плата во Франција изминатите неколку години се движи на околу 47% од  просечната плата во земјата. Велика Британија Оние кои работат во Велика Британија имаат загарантирана минимална плата од 1. 216 евра. Оваа плата е од почетокот на годинава, а додека лани минималната плата изнесуваше 1.189 евра. Минималната плата во Велика Британија во 2008 година е 38,1% од просечната плата, а во 2012 година изнесува 39,4% од просечната плата во земјата. Соединети Американски Држави Минималната плата во САД, на крајот на 2013 година изнесувала 960 евра. Според податоците на Евростат, минималната плата во САД во 2008 година била 28,4% од просечната плата, додека пак во 2012 година изнесувала 30,8% од просечната плата. Грција Лани, минималната плата во Грција изнесувала 683 евра, и забележува драстичен пад во однос на претходните години. Минималната плата во Грција во 2009 и 2011 година изнесувала 50% од просечната плата во земјата, а приближно толку била и во 2008 година. Во 2010 година, минималната плата во Грција била 40% од просечната плата во земјата. Но, Евростат нема податоци, тоа каква е состојбата во последните три години, односно за тоа колку изнесувала минималната плата во однос на просечната плата. Словенија Во Словенија, минималната плата минатат година изнесувала 783 евра, а изминатите години е во континуиран раст. Претходната, 2012 година пак изнесувала 763 евра и била 50% од просечната плата. Според податоците на Евростат, во периодот од 2010 година минималната плата е генерално околу 50% од просечната плата, а неколку години пред тоа била на околу 40% од просечната плата.   Турција Оваа година, минималната плата во Турција, изнесува 424 евра, а претходната година изнесувала 415 евра. Според Евростат , во 2009 година минималната плата изнесувала 50% од просечната плата во земјата, но нема податоци каква била состојбата во другите години. Хрватска Минималната плата во Хрватска  годинава изнесува 405 евра, а пшретходната 2013 година била 400 евра. Изминатите години од кога е воведена минималната плата во Хрватска се движи околу 35% од просечната плата. Унгарија Во Унгарија минималната плата од почетокто на годинава е на ниво од 344 евра, додека 2013 година ја заврши на 332 евра.  Во 2012 година, кога минималната плата во Унгарија е 295 евра, таа била на 44,3% од проесечната плата. Претходните години пак се движи на ниво од околу 38% од просечната плата.   Чешка Минималната плата во Чешка е 327 евра на почетокот на оваа година, додека претходната 2013 година изнесувала 308 евра. Генерално, минималната плата во Чешка се движи од 31 до 35% од просечната плата во земјата. Романија Романија на стартот на оваа година има минимална плата од  190 евра, а претходната 2013 година минималната плата била 157 евра. Минималната плата во оваа земја изминатите години во Романија е на ниво од 30 до 34% од просечната плата.   Бугарија Бугарија годинава има минималец од 173 евра, а минатата година минималната плата била 158 евра. Редакција Фактор