06 Мај, 2024
0.0274

„Фактор анализа“: Од 10 до 110! Кои се најголемите трговци на големо во Македонија?

Објавено во: Економија, Анализа 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Во земјава лани имало дури 81 компанија за трговија на големо која направила приход еднаков или поголем на 10 милиони евра. И во 2022 година доминира трговијата на големо со тутунски производи пред текстилот, шеќерот и храната

Трговијата на големо е укинатна економска сфера. Нејзини клучни белези се: големи обрти, брзи поврати, обезбедена наплата и ефикасна логистика, а тоа ќе ви го каже секој успешен гросист како што милуваат сами себе да се нарекуваат кралевите на трговијата.

За да биде успешна нивната работа треба да се се во баланс два важни економски параметри обртот на пари да биде што е можно побрз, а сумата на вредноста на стоката што се продава да биде што повисока. Затоа што нивното правило е големи и брзи обрти со мали маржи.

Колку е значајна гранка трговијата на големо во структурата на македонската економија ќе илустрираме со следниве факти:

Прво, во нашата национална економија лани има повеќе од 80 компании кои успеале да направат приход од 10 до 110 милиони евра.

Второ, само најголемите 20 трговци на големо направиле приход од 1 милијарда евра , а една година, а сите 81 компанија заедно имаат приходи од 2 милијарди евра. Тоа ја прави економска дејност со највисок кеш-флоу и тоа е многу нормално и логично.

Трето, таа е многу важна за вкупните паричните токови токму заради прирорадата не нејзината дејност. Заради создавање на контекст ќе ја споредиме со друга дејност која не сродна, но е многу важна во националната економија, а тоа е градежништвото. Во таа трудоинтензивна дејност лани најголемите 40 компании генерирале агрегатен приход поголем од половина милијарда евра. Во трговијата на големо само 20 најголеми компании генерирале лани приход од една милијарда евра.

Кои се најголеми меѓу трговците на големо и колку заработуваат?

Структурата на официјалните податоци покажува дека трговијата на големо со тутун е бизнис број еден кај трговците на големо. Без разлика дали се работи само за трговија со тутун или пак фирмата е регистрирана за храна, пијалоци и тутун. Негови најголеми ривали се трговците на големо со текстил, но и со шеќер, чоколади и храна.

Во најголемите 30 гросисти лани има уште:трговци со компјутерска опрема, со метали и метални руди, со градежни материјали, санитарна опрема и дрво како и неизбежната трговија со пијалоци.


 *Рангирањето е направено врз основа на параметар годишен приход еднаков или поголем на 10 милиони евра

** Заради спецификата на дејноста исклучени се веледрогериите и трговците на големо со нафтени деривати

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот