06 Мај, 2024
0.0230

Фактор анкета: Еко логистик сервис има најголема доверба меѓу фирмите за достава

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Еко логистик сервис е компанија за достава која има најголема доверба меѓу граѓаните и компаниите кои работат во бизнисот на е-трговија, покажа он лајн анкетата која Фактор ја спроведе во текот на викендот. 

На анкетата имаше вкупно 2.802 гласови од кои дури 47 отсто или 1.307 беа за Еко логистик сервис (ЕЛС). На втората позиција е Карго со 16 отсто од гласовите, а на трето Фалкон со 264 гласови.



Фактор ја спроведе анкетата како дел од пообемно истражување на кондицијата на овие компании на домашниот пазар во период кога се зголемува е-трговијата во земјава и зајакнува конкуренцијата во овој домен, особено секако и поради пандемијата на коронавирусот.  Дел од овие компании се ориентирани кон пренос на писма, но повеќето се за прием и достава на пратки. 

Еко логистик сервис (ЕЛС) впрочем има најголем регионален раст во овој бизнис сегмент во регионот и тоа од над 700 отсто и е убедлив лидер во земјава по доставени пратки од електронска трговија. Соработува со повеќе брендови кои праќаат производи меѓу кои Спорт Вижн, бренд субјектите на Индитекс (Зара, Пул енд Беар, Масимо Дути), на Магнетик, Фешн Груп, Сити фешн, Просветно дело и многу други.

Има мрежа за достава од 30 хабови. 

Дополнително, финансиска анализа за сите компании од секторт и детално истражување од билансите ќе објавиме во текот на следните денови. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК