ФАКТОР МАГАЗИН: Македонија во НАТО со ново име, Столтенберг со јасни пораки, Нимиц во Њујорк со конкретен предлог
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во Скопје со македонското водство, медијаторот Нимиц со преговарачите за името во Њујорк. Македонија во Алијансата со ново име, Нимиц со предлог кој ќе овозможи Столтенберг да даде „зелено светло" за прием на земјата во НАТО. На што го темелат оптимизмот Заев, Димитров и Османи дека наскоро е можен компромис со Грција? Македонија годинава членка на НАТО и добиен датум за преговори со ЕУ - реално или само посакувано сценарио?
Анализираме со универзитетските професори Александар Спасеновски, Миша Докмановиќ, Aлександар Јованоски од ЕПИ и новинарката Жана Божиновска.
Почна бугарското претседавање со ЕУ. За приоритетите разговор со Љубомир Кољчуков, поранешен заменик шеф на бугарската дипломатија.
Изложба по повод „90 години од раѓањето на Петар Мазев" во Даут пашиниот амам, разговараме со Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија
Фактор магазин недела 20.45 на ТВ24