ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десетти ден протести, Османи вети дека ќе го објават протоколот пред да го потпишат
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2022
СЕ ОДРЖА ДЕСЕТТИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ
Новинарот Горан Момироски вечерва на протестот пред Собранието праша дали револуционерите Питу Гули и Гоце Делчев немале алтернатива, а Владата постојано вели дека алтернатива нема.
Тој порача дека оставка не е доволна, туку некој треба да одговара за ова велепредавство. Вели дека овој народ имал предавници отсекогаш, а сега ги има Љупчо Георгиевски од Делчево, Зоран Заев од Муртино, Стево Пендаровски од Автокоманда и Димитар Ковачевски од Куманово.
„Го кријат протоколот како да е гроб на Иван Михајлов? Зошто го кријат? Затоа што знаат дека со него се поништува македонската нација“, рече Момироски.ОСМАНИ ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ОБЈАВАТ ПРОТОКОЛОТ ПРЕД ДА ГО ПОТПИШАТ
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи за ТВ24 изјави дека протоколот ќе биде објавен пред да биде ставен потпис на него.
„Ветувам, протоколот ќе го објавиме пред да ставиме потпис“, рече Османи.
Додаде дека јавноста ќе биде информирана, а сега се договараат принципите. Рече дека протоколот не е целосно усогласен и дека тоа е записник од средба која ќе се одржи.УТРЕ ДОАЃА ФОН ДЕР ЛАЈЕН, СПАСОВСКИ ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Полицијата ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и Собранието. Ова го најави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Министерот апелираше до учесниците, а пред сè до организаторите на протестите да направат сè овие собири да минат на мирен и достоинствен начин.
„МВР прави анализи и собира податоци и информации за можните случувања во текот на утрешната седница во Собранието на која треба да се разгледува францускиот предлог“, изјави Спасовски.ЧИТАЈТЕ УШТЕ