13 Мај, 2024
0.0349

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Две условни кaзни и една ослободителна пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

„ПАДНАА“ ПРЕСУДИ ЗА ПОЖАРОТ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Поранешните директори на тетовската болница - Флорин Бесими и Артан Етеми условно се прогласени за виновни за пожарот во модуларната болница, додека докторот Бобан Вучевски е ослободен од вина. 

Бесими и Етеми се осудени на казна затвор по една година и шест месеци условно ако во рок од три години не сторат ново кривично дело. Тогашните директори не поставиле опрема за гаснење на пожарот, додека докторот дозволувал посета на пациентите иако тие била заболени од Ковид-19. Пожарот се гаснел со ќебе и вода. 

РАЗРЕШЕН САШКО ЈОВЕВ

Професорот Сашко Јовев, кој долги години е прв човек на Државната кардиохирургија, кој практично ја создаде оваа клиника и ја доведе до ниво на светска институција е разрешен од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити, велат за Фактор извори од Клиниката.

-На 27.мај беше отворена хибридна операциона сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија која овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација и таканаречена минимално инвазивна хирургија. Сега имаме и апарат за срцева и белодробна поддршка каков што нема во регионов. Сето ова беше промовирано во јавноста во термин кој беше посочен од премиерот Димитар Ковачевски, но најверојатно не му се допадна нашата одлука на министерот Меџити кој инсистираше свеченото отворање да биде во друг термин. Поради каприц тој одлучи да ме смени, вели професорот Јовев за Фактор.

Откако јавноста беше разбранувана со веста за разрешувањето на директорот на Државна кардиохирургија, еминентниот проф. д-р Сашко Јовев, почнаа и шпекулациите за негов наследник, интерцентниот кардиолог од Тетово, д-р. Ваљон Асани.

АХМЕТИ ОЧЕКУВА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЗА 3-4 ГОДИНИ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети е оптимист и вели дека за 3-4 години ќе влеземе во Европската Унија(ЕУ). 

Aхмети рече дека треба да се направат уставни измени, но и да има помирување. Вели дека иднината на идните генерации е на прво место. 

„Не креваме бело знаме. Поминавме многу соочувања и тешкотии и постигнавме успешно да ги завршиме важните поглавја за државата и за стабилноста. И најголемите оптимисти не мислеа дека некогаш ќе влеземе во НАТО, па еве сега тоа е реалност. Ако некогаш сте помислиле дека ни се потребни 10 години за членство во ЕУ, сега јас верувам дека за 3 до 4 години ние ќе бидеме членка на ЕУ. Околностите се сменија во наша полза“, рече Ахмети.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ако ги следиме податоците од Евростат, објавени од претходните години, тие покажуваат дека третина од македонските граѓани не можат ниту еднаш месечно да излезат на ручек во ресторан.

Вкупно 7.711.587 милиони евра им дала државата на само 19 побарувачи минатата година како поволни кредити за изградба на проекти за производство на струја од обновливи извори на енергија или енергетска ефикасност.

Износот за исплата на плати во Агенцијата за цивилно возухопловство во текот на 2022 година се зголемила. За минатата година оваа институција потрошила 108.125.368 денари за исплата на платите кон вработените. 

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

Мицотакис: Силјановска Давкова го прекрши договорот од Преспа

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ПРАВНИКОТ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕЗЕМАЊЕТО ДОЛЖНОСТ ВО НЕПОСТОЕЧКА ДРЖАВА „МАКЕДОНИЈА“ ЗНАЧИ „ПРЕЗЕМАЊЕ“ НА НЕПОСТОЕЧКА ДОЛЖНОСТ: Се огласи и Величковски

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

ДАВКОВА ДОБРО ЈА „ПРОТРЕСЕ“ ЈАВНОСТА: За „Македонија“ пристигнаа лавина реакции, еве кој се реагираше

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?