19 Мај, 2024
0.0317

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eскобар вели дека не дошол да врши тортура, а Ковачевски верува дека во ВМРО-ДПМНЕ има европски капацитет

Објавено во: Македонија 25 Август, 2023

Добивај вести на Viber

ЕСКОБАР ВЕЛИ ДЕКА НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ВРШИ ТОРТУРА

Заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар вели дека не е во Македонија да врши тортура врз некого. Тој вака ја прокоментира изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека власта барала од меѓународните пријатели да се притисне опозицијата да го смени ставот за уставните измени. 

Ескобар порача дека САД не избираат влади за земјите на НАТО, но вели дека поставуваат очекувања. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар го потврдил ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

Фактот дека водиме дебата подолго време, значи дека се работи за исклучително клучно прашање. Доколку се работи за одлука која што не дефинира иднина, тогаш веројатно и дебатата не би се водела ниту толку долго, ниту толку детално. Процесот ќе се води, ќе се дебатира и ќе заврши успешно за граѓаните и за државата, порача премиерот Димитар Ковачевски, прашан до кога ќе трае процесот и кога ќе се гласа за уставните измени.

КАСАМИ ПАК ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЗНАМЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Повторно знаме на Голема Албанија се појави во Тетово, а градоначалникот Билал Касами се фотографираше пред него.

Тој беше да промовира асфалтирана улица, а зад него, се вееше знамето кое укажува на територијални претензии. Касами, даваше изјава за медиумите, а зад него имаше знаме на Голема Албанија. Потоа, фотографии објави и на социјалните мрежи. На фотографиите нема македонско знаме. Инаку, судот испрати покана до Општина Тетово за судски процес затоа што при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, немаше македонско знаме, а имаше знаме на Голема Албанија. Судското рочиште ќе се одржи на 15 септември. 

ЛУКАШЕНКО ГО ПРЕДУПРЕДИЛ ПРИГОЖИН ДЕКА ЌЕ УМРЕ

Пред два месеци му кажав на Пригожин дека ќе умре, вели белорускиот претседател Александар Лукашенко. 

Тој изјави дека ги предупредил лидерите на руските платеници Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин, да бидат внимателни и тврди дека борците на Вагнер ќе останат во Белорусија.

Лукашенко во петокот рече дека двапати на Пригожин му изразил загриженост за неговата безбедност, но Пригожин ги отфрлил таквите идеи. Тој додаде дека за време на бунтот го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Пензионерите кои работеле во странство и сега примаат странски пензии, убаво си живеат во Македонија.

Голема новина во Македонија е препишување терапија од страна на матичните лекари за повеќе хронични заболувања, пред се за хипертензија, односно контрола на крвниот притисок, масти кај болните од дијабетес, лекови за контрола на астма и ХОББ и за контрола на хипотиреодизмот.

Како да нема крај на маките на Скопјани со јавниот превоз. Иако, штрајковите завршија, и последните најави за бојкот беа разрешени, жителите на главниот град мака мачат со јавниот превоз. Дел од нив укажуваат дека одредени линии се многу ретки, дека автобусите ги прескокнуваат термините за тргнување, а особено револтирани се од недостигот на вентилација кај приватните превозници. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична