29 Април, 2024
0.0281

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ЕВН ќе влезе во Слупчане, Бектеши вели секој да плати колку што потрошил

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

ЕВН ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО СЕЛОТО СЛУПЧАНЕ

ЕВН влегува во Слупчане, откако добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината.

Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане. Постигнат е договор со мештаните на Слупчане.

Наредната недела во организација на министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август.

Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, несогласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.

Жителите на Слупчане не им дозволија ниту вчера на екипите на ЕВН да ја реконструираат мрежата во селото, иако дојдоа со потребната механизација, а подоцна дојде и полицијата. Во документ на жителите на Слупчане, испратен преку Општина Липково, до ЕВН има барања од 14 точки.

БЕКТЕШИ ВЕЛИ СЕКОЈ ДА ПЛАТИ КОЛКУ ШТО ПОТРОШИЛ

Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, не согласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.

„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.

Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.

Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, порача денеска Бектеши.

ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ, ВО ГРЦИЈА Е ДРАМАТИЧНО

Во Неа Агијалос во Грција огнот се приближуваат до градот, а жителите се евакуираат.

Владата алармира, а цело време бијат црковните ѕвона за да сфатат и последните жители дека мора да си заминат.

Во регионот на Волос од вчера стравуваат за своите животи, бидејќи пожарите беснеат во оваа област на Грција. Ситуацијата денеска стана уште полоша, затоа што и магацинот за воена муниција, лоциран во областа Карамба, експлодираше нешто пред 18:00 часот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Иако многу млади во земјава не можат да си го замислат денот без кафе, не треба да се претерува и не треба консумирањето на oвој напиток да почне на рана возраст.

Европа и светот во последниов месец дена се борат со ектремни состојби. Топлотните бранови, пожарите, сушата од една страна, од друга, пак, поројни дождови, ветрови, град суперќелиски облаци се секојдневието кое сега го живее човештвото. Но, ваквите екстремни климатски промени носат и други опасности, а тоа се заразните болести од комарците, за кои предупредува и Светската здравствена организација. 

На крајот на јуни граѓаните чувале 5,44 милијарди евра како депозити во домашните банки.

Штедачите од Еуростандард банка го имаат на располагање уште август и последните неколку дедна од овој месец доколку сакаат да си ги подигнат своите заробени средства преку четирите банки исплатувачи. 

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски