17 Мај, 2024
0.0337

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Европската служба против измами проверува каде државата трошела европските пари

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА ВО ДРЖАВАВА СЕ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЕВРОПСКИ ПАРИ

Ако истрагите на Европската служба против измами - ОЛАФ резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску, изјави денеска во Битола Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на МИА.

Амбасадорот Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

СЕ НАВРШИЈА 60 ГОДИНИ ОД КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. 

БУГАРСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ СО ИМЕ ВАРДАР НЕ Е РЕАЛНО ДА ИМА ВО МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во поладневното интервју за Канал 5 вели дека не е реално да се формира бугарски фудбалски клуиб кој би настапувал во македонската лига со име Вардар - бугарски, додека за најавите за отворање бугарски телевизии во Македонија смета дека тоа е законски дозволиво.

- Ние слушавме и дека јазикот треба поинаку да го викаме „Македонски 2“, отворање на телевизија се регулира со Закон за медиуми кој важи за сите јазици без разлика дали се бугарски или не. Тоа е уште едно страшило, а фудбалските клубови се брендови сами по себе. Брендот Вардар е бренд и не може да му се земе името. Не е коректно да се измислуваат страшила. Вардар е институција. Да не веруваме во лагите дека некој може нешто да ни одземе или наментне, рече Маричиќ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

За 800, 1.300 или 2.500 евра можете да си купите камп приколка. Има многу камп приколки кои се ставени на оглас за продажба, но газдите велат дека купувачи тешко се наоѓаат.

Веќе нема дилема, Владата прифати еден од трите предлози на Министерството за образование и наука кој се однесува на датумите за стартот и за крајот на новата учебна година. 

Гасната централа АД ТЕ-ТО минатата година остварила приходи за повеќе од 320 милиони евра и со овој резултат речиси сигурно влегува во Топ-5 најуспешни македонски компании по остварена продажба во 2022. 

Бесими и Штериев го заѕвонија берзанското ѕвонче за да го означат старот на котацијата на граѓанската обврзница, но вчера берзанско тргување со таа хртија од вредност не се случи.

Европа и светот во последниов месец дена се борат со ектремни состојби. Топлотните бранови, пожарите, сушата од една страна, од друга, пак, поројни дождови, ветрови, град суперќелиски облаци се секојдневието кое сега го живее човештвото.

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник