03 Мај, 2024
0.0296

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ганиу и Касами повикани во полиција, за нив ќе има прекршочни пријави

Објавено во: Македонија 15 Август, 2023

Добивај вести на Viber

ГАНИУ И КАСАМИ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА

Прекршочни пријави се поднесени против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. 

Градоначалникот денеска е повикан на разговор во Полициската станица „Бит Пазар“ каде што бил информиран дека добил две прекршочни казни во врска со организацијата на посетата на косовскиот премиер, Албин Курти, во Чаир.

„Околу 13 часот и 30 минути бев поканет од началникот на полицијата ‘Бит Пазар’ да дојдам на информативен разговор. Претставени ми беа причините. Одлучено е дека во моментов имам две прекршочни казни, а причината е посетата на премиерот Албин Курти во Чаир“, рече Ганиу во изјава за медиумите пред ПС „Бит Пазар“.

Од Алтернатива реагираа со соопштение во кое стои дека во полиција покрај Ганиу бил повикан и лидерот на Беса, Билал Касами, а причина била иконографијата при посетата на премиерот на Косово.

Прекршочните пријави за Касами и Ганиу се поради притисок од српската антиалбанска политика, вели екс градоначалниот на Чаир, Изет Меџити. 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поднесе иницијативата за враќање на името на улицата Втора македонска бригада во Чаир, но ќе ѝ треба Бадентер. 

ВЈОСА ОСМАНИ ТВРДИ ДЕКА НАСТАНАЛО НЕДОРАЗБИРАЊЕ

Македонија е ценет сосед, повикувам на надминување на недоразбирањата, повика косовската претседателка Вјоса Османи за бурните реакции откако косовскиот премиер Албин Курти во петокот присуствуваше во Чаир, каде улица е именувана по Адем Демачи, а потоа во Тетово присуствуваше на собир каде се вееше знамето на Голема Албанија. 

Османи, како што пренесе МИА, ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.


ИМА ДОВОЛНО ТЕСТОВИ ЗА КОНГО-КРИМСКАТА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА

Д-р. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, по денешниот состанок информираше дека нема место за паника и по појавата на третиот заразен пациент со конго-кримска хеморагична треска. Средбата беше иницирана од страна на министерот за здравство, Фатмир Меџити, а освен членовите на Комисијата за заразни болести, присуствуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Факултетот за ветеринарна медицина и од центрите за јавно здравје од Штип и од Велес. Заклучоците, како што истакна д-р Петличковски се во насока на превентивни мерки.

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ НЕ МОЖЕ НЕКОЈ ШТО РАБОТЕЛ 15 ГОДИНИ ДА ЗЕМА ИСТА ПЕНЗИЈА КАКО ТОЈ СО 40 ГОДИНИ

Секое едно нереално покачување на пензиите ќе ја доведе во ситуација стабилноста на Фондот за пензиско осигурување. Не сакаме да бидеме популисти и да дадеме линеарно зголемување или зголемување на пензиите коишто ќе ги задоволат пензионерите за да после три-четири месеци ниеден пензионер во државата не земе пензија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Фактот дека најголем дел од пензионерите земаат мали пензии, со кои одвај успеваат да ги покријат основните трошоци е доволна причина да се смета за оправдана сегашната реакција и протестите кои ги огранизираат пензионерите деновиве и со кои бараат линеарно зголемвуање на пензиите. 

Мал дел од бездомните лица во Македонија успеваат да се вработат, да најдат сместување под кирија и полека да си го средуваат животот.


Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ