19 Мај, 2024
0.0294

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Горивата повторно поскапеа, скокнаа и цените на храната

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

ОД ПОЛНОЌ ИМАМЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од 31.05.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,584%, кај дизелот за 4,856%, кај екстра лесното масло за 4,514% и кај мазутот зголемувањето е за 1,099%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

И ХРАНАТА ПОСКАПЕ

Маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нова, зголемена цена откако престанаа да важат антикризните мерки што беа воведени во март.

Зејтинот кој досега се продаваше по цена од 135 денари, сега може да се најде за цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното тип 400 сега се движи од 54 до 60 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а пакување од 10 јајца по цена од 90 до 110 денари. Повисоки цени има и кај лебот и оризот.

Од вчера се зголемени и цените на горивата. Цената на Еуросупер БС-95 и на дизелот е зголемена за девет денари, а на Еуросупер БС-98 за 9,5 денари за литар. За 8,5 денари за литар поскапо е и Екстра лесното масло за домаќинство. Литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 106,5 денари. Новата цена на дизелот е 95 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство  93 денари.

ОБВИНЕНИЕ ЗА ЛИДИЈА ДИМОВА

Обвинение e покренато за поранешната директорка на Агенцијата за образовни програми, Лидија Димова за злоупотреба на европски пари. 

Освен Димова, обвинителен акт ќе има и против благајничката на агенцијата и надворешен соработник. Според Обвинителството, тие направиле штета на средствата со кои Европската заедница од околу 320.000 евра. Димова во периодот од 2018-2020 година ја злоупотребила службената положба и без да објави јавен конкурс склучувала договори со надворешни лица и ги ангажирала како соработници, што е спротивно од Законот за јавни набавки.

ВО МАКЕДОНИЈА ИМА 19.000 НЕПИСМЕНИ

Третиот сет на податоци што го објави Државниот завод за статистика на полето на образованието, во вкупното резидентно  население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста,  регистрирани се 18 897  или 1.2 % неписмени лица.

Меѓу неписмените има 5.517мажи и 13 380 се жени. Без образование се 23 192 лица, додека 62 129 лица или 4.1 отсто од резидентоното население се со незавршено основно образование. 423 456 лица или 27.8 проценти се само со завршено основно образование, 

Дури 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Има доста случаеви кога пензионерите од Скопје се селат во помалите места во Македонија, каде е мирно, тивко, а обично и трошоците за живот се помали.

Последниве две години добро ќе ги запамтиме, велат граѓаните кои ги анкетираше Фактор, посочувајќи дека секој ден е нов стрес. Откако вчера Владата не ги продолжи антикризните мерки за ублажување на ефектите од економската криза, од утринава граѓаните купуваат по повисоки цени. 

Од еден милион евра во бруто износ државата преку даноците за задршка и персоналец ќе задржу околу 100.000 евра, повеќе од 1.200 акционери домашни физички лица ќе поделат околу 70.000 евра, а „Пуцко Петрол“ за своите акции ќе добие околу 109.000 евра, а во Грција кај најголемиот акционер одат околу бруто 815.000 евра.

На крајот на месецов во АД Славија извршена е промена на генералниот директор на некогашниот трговски гигант и на местото на Блаже Зафировски назначен е Расим Али, за кого единствено што е познато е дека е дипломиран социолог од Сингелиќ, Гази Баба.

Поскапувањето на струјата според енергетичарите е неминовно, иако точни проекции колку ќе се зголеми цената не сакаат да даваат, велат дека истото нема да биде превисоко за да не биде голем удар врз граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално