18 Мај, 2024
0.2708

ФАКТОР НА ДЕНОТ: И денеска се гасеа пожари, а Лавров го искоментира односот на Македонија кон Русија

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

СЕ ГАСЕА ПОЖАРИ ВО БЕРОВСКО

Во беровско уште гори. Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица(ТППЕ) од Берово за МИА вели дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка. Досега од пожарот е зафатена високостеблеста дабова и букова шума од 50 хектари.

„Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен, од каде хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција”, вели Руменовски.

ЛАВРОВ ЈА ИСКОМЕНТИРА МАКЕДОНИЈА

ЕУ и НАТО се обидуваат да ja направат Македонија „алаткa во антируската игра“, вели рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Додаде дека Македонија, стана Северна Македонија за да влезе во ЕУ. Лавров смета дека Македонија за брзо нема да биде примена во ЕУ. 

„Има огромна разлика меѓу тоа што го чувствуваат Македонците и Црногорците за Русија и она што го прават нивните политичари принудени од Брисел. Ова е истото тоа што се обидоа да го сторат во Украина и во други источноевропски држави “, изјавил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју објавено на вебсајтот на руското Министерство за надворешни работи.

Кажа дека бил во Охрид и Скопје и видел како Македонците се однесуваат.

НА ВИКИПЕДИЈА НА АНГЛИСКИ ГО ПРЕКРСТИЈА ОСМАНИ

Голема активност имаше на англиската страна на Wikipedia за министерот за надворешни работи Бујар Османи, каде попладнево, непознат администратор ја менуваше содржината на страницата со навредливи референци за министерот.

Во биографијата на Бујар Османи на интернет страницата Википедија, името над сликата како и во самиот текст на биографијата, од непознат сторител било сменето во „Бугар Османов“.

ПОЖАРИ ВО ГРЦИЈА И СЛОВЕНИЈА

Голем пожар има во јужниот дел на грчкиот остров Лезбос. 

Префектот на островите во северниот дел на Егејското море, Костас Муѕурис за грчката телевизија ЕРТ рече дека во пожарот се изгорени неколку домови, а разговарал со министерот за климатска криза и цивилна заштита Христос Стилијанидис за од Атина, итно да стигнат на Лезбос воздушни средства. Жителите се превентивно евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Словенечките пожарникарите ноќеска спасуваа села од пожарот. 

На Фејсбук страницата Пожарникари 112 се објавени фотографии од уморни пожарникари кои буквално лежат на земја.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност