15 Мај, 2024
0.0313

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Изјавата на Макрон уште ја коментираат, Ковачевски вели дека оние кои ќе бидат побрзи со реформите први ќе влезат во ЕУ

Објавено во: Македонија 30 Август, 2023

Добивај вести на Viber

КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ОНИЕ КОИ ПРВИ ЌЕ НАПРАВАТ РЕФОРМИ, ПОБРЗО ЌЕ ВЛЕЗАТ ВО ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.

Рече дека сака да ги демантира пропагандистите платени од трети држави кои не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантира структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизниси сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава. Додава дека претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.

И ОСМАНИ ЈА КОМЕНТИРА ИЗЈАВАТА НА МАКРОН

За изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“, министерот за надворешни работи, Бујар Османи рече дека неговата идеја е разјаснета во Блед. Детали даде министерката за европски прашања Лоренс Бун и Александар Адам, негов советник и креатор на францускиот предлог.

„И тие кажаа дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви во смисла привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Со тоа што знаете дека ние го промовираме концептот повеќе интеграција пред членство што значи кога веќе 2030 ни е фиксна, дајте да станеме дел од Унијата и пред членство, односно како исполнуваме едно поглавје стануваме дел од таа политика на Унијата. Влегуваме во единствениот пазар, имаме пристап до фондовите. И пред самото членство ние веќе ќе бидеме во Унија, единствено што нема да имаме до тогаш е правото на глас кое што ќе го добиеме на денот на членство“, вели Османи.

МАЛОЛЕТНИЦИ ГАЃАЛЕ СО КАМЕЊА СРПСКИ АВТОБУС

Во Македонија e каменуван автобус со српски туристи што се враќале од Грција.

Група малолетници фрлале камења кон возилото кај надвозник во Македонија, известуваат српските медиуми. Нема повредени, но сите патници биле под стрес, особено децата што биле во автобусот.

„Вечерва, на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна бевме известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често. Ете само да им укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот во Македонија“, пишува на фејсбук-страницата „Лајв фром Грис“.

ОПМ БАРА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите).

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна. 

ОСМАНИ ВЕЛИ НЕМА ПОЛИТИЧКО ВЛИЈАНИЕ ЗА „ЕУРОВИЈА“

Нема никакво политичко влијание при изборот на компанијата Еуровиа за адаптација на салата Борис Трајковски за потребите нa Министерскиот состанок на ОБСЕ бидејќи понудила најниска цена што е единствен критериум таа да биде прифатена од страна на МНР. Секој друг избор би бил прекршување на законот и оштетување на буџетот, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Веќе станува целосно јасно зошто италијанската Влада воведе екстра оданочување на банкарските профити.

Имено, главниот мотив за тоа беше фактот што сите централни банки ширум светот ги зголемија основните камати, на што и банкарите ги зголемија своите каматни стапки, но по се изгледа дека повеќе пораснаа оние на кредитите, наспроти оние на депозитите. Тоа им донесе на банките огромни нето приходи од камати, што, пак, ги „набилда“ до небо нивните профити.

Можеби ќе ве интересира

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

БЕЌАРОВСКИ НА ДЕМИРИ: „Се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрение, јавно оградете се од оваа несреќна објава и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед“

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

ЕВЕ ЗОШТО Е РАЗРЕШЕН МЕДИЦИНСКИОТ ДИРЕКТОР НА ТОКСИКОЛОГИЈА, МЗ ОБЈАВИ ПИСМО ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО КОИ СЕ СПОМЕНУВА И Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Беќаровски најави тужби

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

УЧИТЕ ГЕРМАНСКИ ЗА ДА СЕ ИСЕЛИТЕ: Колку време ви треба да стигнете до Б1 нивото?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ОТКРИ КАКВИ СЕ ПЛАНОВИТЕ СО ГРУЕВСКИ СЕГА КОГА ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ: „Тој сега си има работа со Република Македонија“

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ЕВЕ СО КОЛКУ ИМОТ РАСПОЛАГА НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА СПОРЕД ПОСЛЕДНИОТ АНКЕТЕН ЛИСТ: Имот на нејзино име нема, но има неколку штедни книшки со пари

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок