15 Мај, 2024
0.0273

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија го одбележува 11 Октомври, Koвачевски упати порака дека сме на вистинската страна

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ГО ОДБЕЛЕЖУВА 11-ТИ ОКТОМВРИ

По повод одбележување на 11 Октомври, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски изјави дека Куманово е слободарски, револуционерен град, град на соживот. 

„11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да не се откажуваме од нашите национални вредности“, рече Димитревски. 

Вели дека денес кај нас како печурки „никнуваат“ клубови, кои величаат соработници на фашизмот. Димитриевски се повика на изјавата на првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој велеше дека Македонија е се што имаме. 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска од Куманово порача дека тоа што денес го прават, ја одредува иднината на нивните деца. 

За секој кој го почитува македонското минато, вели дека ова е патоказот. Тој зборуваше за формирањето на првите паризански одреди. 

„Данокот на оваа победа е во крв, страдања и загуби на луѓе, домови, и огромни економски штети. Но, денешна Македонија постои благодарение на ова“, рече Ковачевски. 

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО ХРВАТСКА

Maкедонец починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров Вис во Јадранското Море, јави Индекс.хр.

Веднаш била испратена брза помош да интервенира, но нуркачот веќе починал. Трагедијата се случила денеска околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од заливот Рукавац на Вис.

ЗЕЛЕНСКИ БАРА МЕЃУНАРОДНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА

Бараме меѓународни набљудувачи на границата со Белорусија, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Тој се плаши дека Русија сака да ја вовлече Белорусија во војната. 

„Русија се обидува директно да ја вовлече Белорусија во оваа војна, со провокација дека наводно подготвуваме напад врз таа држава”, рече Зеленски. 

Украинскиот претседател ги повика земјите-членки од Групата седум да му помогнат на Киев да купи и распореди системи за ПВО, откако руските проектили сериозно оштетија енергетски постројки на Украина.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“