17 Мај, 2024
0.0389

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонските политичари ги осудија инцидентите на Деве Баир и каменувањето на македонскиот клуб, во Бугарија повици за вето

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

ОСУДА ЗА НЕМИЛИТЕ НАСТАНИ НА ГРАНИЦА И ВО БЛАГОЕВГРАД

Од македонското Министерство за надворешни работи (МНР) велат дека Бугарија не направи доволно напори да спречи пристапување на радикални поединци на граничниот премин Деве Баир.

Ќе испратат писмо до ЕП за навредите на бугарскиот европратеник Александар Јорданов, кој Македонците ги нарече „црвени ѓубриња“, „титоисти“, „србомански измет“ и „одродени Бугари“. 

Левица бара протестна нота за бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. Од партијата наведуваат дека вчера македонскиот клуб во Благоевград е искршен и за тоа македонските власти мора да реагираат. Бараат брза реакција од надлежните. 

Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот клуб Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, вели македонскиот претседател Стево Пендаровски. 

ПОВИЦИ ЗА ВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев очекува ново вето од Бугарија за Македонија. 

Тој е протеран од Македонија и вчера не успеа да стигне на гробот на херојот Гоце Делчев. Се жали дека на студено време морале да чекаат на граница, имало долга колона. 

„Околу пет-шест часа имаше огромна колона Бугари кои сакаа да го почитуваат споменот на Гоце Делчев. Тоа намерно го направија македонските власти“, рече Георгиев.

Полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, пренесува Канал 5.

Тој синоќа на Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже име и презиме за еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“.

Време е Софија и Скопје да се вратат на попозитивни работи, вели поранешниот бугарски премиер Кирил Петков. 

Кажа дека мора да се отворат темите за инфраструктурата и економијата.

СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО РЕГИОНОТ

Сите патишта кон Копаоник вчера биле непроодни поради паднати дрвја и големи снежни наноси, пишуваат српските медиуми.  Taму температурите паднаа 15 степени под нулата. Според српските медиуми, има 100 сантиметри снег. Одложено е отворањето на најдолгата стаза. 

Невреме има и во Хрватска и Грција. Во Хрватска еден човек загина. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок