18 Мај, 2024
0.0322

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Малолетник на свиреп начин убил македонски државјанин во Бугарија

Објавено во: Македонија 28 Април, 2023

Добивај вести на Viber

МАЛОЛЕТНИК УБИЛ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СОНЧЕВ БРЕГ

Mалолетниот Михаил Н. кој пред пет дена со колец го убил македонскиот државјанин во Сончев Брег има криминално досие и против него се водат и други предистражни постапки - за разбојништво и кражба. Не е познато дека посетува училиште. Тој е од семејство со низок социјален статус, изјави денеска на прес конференција комесарот Калојанов, пренесува бугарскиот портал Флагман.

-На 14 години да имаш веќе извршено неколку кривични дела и сето тоа да завршиш со убиство - тоа не може да се сфати како нешто што може да постои на таа возраст. Вака на крајот од денешната прес-конференција за медиумите одговори директорот на ОДМВР-Бургас, вишиот комесар Калојан Калојанов во врска со малолетниот Михаил Н., кој беше приведен за бруталното убиство на 50-годишниот Македонец Игор во Сончев Брег.

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МОТОРИ СТИГНАА ВО ГРЦИЈА

Eкс македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче со мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.

Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Тој  возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез. Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде ќе се обрати на економскиот форум. Потоа тој ќе го продолжи патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики.

СПОМЕН ПЛОЧА ЗА БРАНИТЕЛИТЕ

Повторно е поставена спомен плоча во чест на загинатите бранители на земјава во масакрот кај Вејце, како и спомен обележје. 

Спомен плочата е поставена од политичката партија „Левица“, од каде посочуваат дека со неа и со положување цвеќе „им оддале почит на бранителите кои беа убиени од страна на терористичките формации на ОНА“. 

- Советниците на Левица ширум Македонија деновиве поднесоа иницијативи за остварување на правата на бранителите, кои во 2001 година храбро се бореа за зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.

НА ПЛАСТИЧАРСКА НЕ ИЗДАВАЛЕ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ

Управата за јавни приходи на денешниот брифинг ги сублимираше заклучоците од контролите на продажните објекти на булевар Никола Карев, познат кај скопјани како „Пластичарска улица“ во текот на месеците јануари и март годинава.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Oпаѓа бројот на луѓе кои по неколку години чекаат за да се вработат. Статистичките податоци покажуваат дека во Македонија се намалува бројот на долгорочно невработените лица.

Компаниите објавуваат на кој начин ќе ги распредлат своите добивки остварени во текот на минатата година. 

Хрватската компанија САТО ја купи битолската печатница Киро Дандаро за 9,5 милиони евра. Трансакцијата за превземање ја објави Македонска берза, а за Фактор ја потврди првиот човек на акционерското друштво.

„Макпетрол“ темелно и со крупни чекори гради имиџ на компанија чиј однос кон вработените е врвен приоритет. Поставува критериуми кои треба да ги следат сите компании кои водат грижа за своите човечки ресурси. Зошто? Од добивката за 2022 година компанија преку дивиденди и награди за вработените и менаџерите ќе издвои над 4,5 милиони евра.

Преку блок трансакција вчера во еден наврат беа продадени акции на најголемата банка во земјава, Комерцијална, за сума од 2,5 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“