17 Мај, 2024
0.0299

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мијалков ослободен од затвор за „Плацеви на Водно“, а Ковачевски бара Бугарија да ги признае правата на Македонците

Објавено во: Македонија 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

МИЈАЛКОВ НЕМА ДА ЛЕЖИ ЗАТВОР ЗА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“

Апелација донесе одлука за процесот „Плацови на Водно“, така што екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е ослободен од затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски треба да издржи казна од девет години. 

Апелациониот суд  делумно ја уважи жалбата на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за предметот „Плацеви на Водно“ и му изрече условна казна затвор која што нема да се изврши ако во наредните 4 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.  Апелација ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за Никола Груевски за истиот предмет и му ја зголеми затворската казна од 7 на 9 години.

СОФИЈА ДА ГИ ПРИЗНАЕ ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Македонските власти бараат Бугарија да ги признае правата на Македонците. 

Премиерот Димитар Ковачевски ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и да го признаат правото на самоопределување на Македонците, кои живеат во Бугарија.   Изјавата на премиерот доаѓа по извештајот за човекови права на американскиот Стејт департмент објавен деновиве, во кој во делот за Бугарија пишува дека земјата и понатаму одбива да ги регистрира активистичките групи на етничките Македонци и покрај бројните пресуди на ЕСЧП.  За да продолжи на патот кон ЕУ, Македонија мора да направи уставни измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав, но ВМРО-ДПМНЕ е против, а лидерот Христијан Мицкоски тврди дека и покрај притисокот од меѓународната заедница нема да го променат ставот. 

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ОГЛАСИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО БИТОЛА

По објавата на Државниот и санитарен здравствен инспекторат по направената инспекција во болницата во Битола, се огласи и доктор Нико Беќаровски. 

Тој истакнува дека секој доктор добро ја знае траумата кога го „давате најдоброто од себе, а сепак го губите пациентот“. 

Потенцира дека особоено трауматично е кога станува збор за младо беспомошно девојче. 

Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање.

Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите. Можете само да претпоставите каков е шокот кога тоа е младо беспомошно девојче кое починува во Вашите раце. 

ТРОЈАЗИЧНИ ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ ВО СКОПЈЕ И ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Од денеска, како што е објавено во Службен весник, стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците.

Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната униформа се: натпис "ПОЛИЦИЈА" "POLICIA" "POLICE", натпис "СООБРАЌАЈНА ПОЛИЦИЈА" "POLICIA E TRAFIKUT" "TRAFFIC POLICE", амблем "ПОЛИЦИЈА" "POLICIA" "POLICE", амблем "ГРАНИЧНА ПОЛИЦИЈА" "POLICIA KUFITARE" "BORDER POLICE", амблем во форма на штит со намалени димензии и метална ознака за шапка“, пишува во Уредбата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Познавачите на состојбите во најголемата политичка партија на етнички Албанци во Македонија се убедени дека најголем грев на Салмани за смената од директорското место во М-НАВ е тоа што припаѓал на одметната фракција позната под називот „Огнените“. Нов извршен директор на финансиски работи, правни работи, развој и инвестиции е Хасим Деари

Централната банка бара нови кандидти кои сакаат да работат заедно со нивниот тим. НБРМ објави нов оглас со кој се бараат заинтересирани кои би пополниле две работни позиици. Иако платите не се екстра високи, сепак воопшто не се за отфрлање. Кандидатите кои ќе ги исполнат критериумите за вработување во Народна банка ќе има плата од 38.526 денари.

Mакедонија може да „увезе“ работници од странство, но за тоа треба да има соодветен закон, смета Зоран Кочоски од агенцијата „Коузон“.

Некогашниот симбол на скопското модерно живеење, Градскиот трговски центар, засега никако да почне да работи профитабилно.

Изработката, односно замена на личните документи од страна на граѓаните ќе поскапи, откако Владата го одобрила решението на Министерството за внатрешни работи што во наредниот период треба да стапи во сила откако ќе се објави во Службен весник, дознава „Фактор“.

Дејноста на медицинските сестри е од исклучително значење за здравствениот систем на секоја држава, но начинот на едукацијата има огромно влијание врз квалитетот на понудените услуги, вели во разговор за Фактор, м-р Гордана Бешлиовска, претседателка здружението „За нас“ и на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС). Според неа станува збор за струка која не може и не смее да се заврши вонредно, а единствено што произлегува од ваквиот тип на образование е хиперпродукција на недоволно квалитетен медицински кадар.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер