03 Мај, 2024
0.0273

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Moлдавски медиум пишува дека бил планиран атентат на Бујар Османи

Објавено во: Македонија 14 Март, 2023

Добивај вести на Viber

ДАЛИ БИЛ ПЛАНИРАН АТЕНТАТ НА БУЈАР ОСМАНИ?

„Мaкедонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на посетата на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, јавуваат молдавските медиуми“, објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ пренесува: Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион.

„Реалитатеа“ пишува дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот. Како што пишува овој информативен портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил, во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер.

УКИНАТА ПРЕСУДАТА ЗА ДАРАВЕЛСКИ

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, нема да ја одлеќува затворската казна од 7 години поради застареност на пресудата од 2005. Пресудата ја укина Судечкиот совет кој постапува по предметот

Неговиот бранител ова барање го достави на 10 јануари.2023 година, а Кривичниот совет дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд. Судот утврди дека во конркетниот случај апсолутната застареност настапила на 1 декември.2022 година.

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД 10.000 РАБОТНИЦИ

Ако порано имаше вишок, сега на Македонија едноставно и недостигаат работници. Околу 10.000 работници годишно фалат, а власта не го крие тој проблем.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи обзнани дека најголем недостиг има во градежниот сектор и во угостителството, бидејќи од овие дејности луѓето најмногу си замнувале на работа во државите каде има подобро плати и услови за работа. 

Според Синдикатот, од градежниот сектор за една година си заминале над 12.600  лица. 

СЕ СУДРИЈА РУСКИ АВИОН И АМЕРИКАНСКИ ДРОН

Од Белата куќа по судирот на рускиот авион и нивни дрон над Црното море соопштија дека ако целта на Русија е да не летаат таму, тоа нема да се случи. 

Стејт департмент го повика рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, во врска со инцидентот над Црното Море, информира шефот на прес-службата на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Во директна комуникација сме со руската страна на високо ниво за да го изразиме нашето незадоволство во врска со небезбедното пресретнување што доведе до соборување на американскиот дрон. Го повикавме рускиот амбасадор во Стејт департментот каде ќе испратиме соодветен сигнал“, рече Прајс.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време стана сопственик на уште една компанија - овој пат како основач на Тотал Коп. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност товарен патен транспорт. 

Двата челичарски гиганти од скопската железарница, неприкосновениот „Алкалоид“ , Усје и Мермерен комбинат засилени со двете најголеми македонски компании за трговија со горива лани беа предводници на најголемите извозни компании.

Лекот „Трикафта“ кој е неопходна терапија за пациентите со реткото заболување цистична фиброза од минатата недела е веќе во Македонија, но само осум пациенти се на приоритетната листа и тие веќе го примаат. Како што веќе и е познато на јавноста, станува збор за седум се возрасни пациенти над 18 години и едно дете.

Во повеќето македонски градови има еден или повеќе музеи, но сите се со различна посетеност. Дел од нив имаат солиден бројот на посети, но простор за подобрување секогаш има.

Тепачки во парламент, масовни протести и судири со полицијата. Ова е сликата за Грузија, држава која веќе помина една „олимписка војна“ со Путин. Развојот на настаните во Тбилиси е важен не само за регионот во кој спаѓаат Украина, Молдавија и Белорусија, туку и за Македонија која стана членка на НАТО, но и натаму е блокирана на влезот во ЕУ иако ги постави сите стратешки одлуки според насоките на западното сојузништво.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите