14 Мај, 2024
0.0304

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најден е човекот кој ја искршил таблата на бугарскиот клуб, се работи за 47 годишен охриѓанец

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ОХРИЃАНЕЦ ЈА ИСКРШИЛ ТАБЛАТА НА БУГАРСКИОТ КЛУБ

СВР Охрид соопшти дека 47-годишниот Г.И. од Охрид ја оштетил таблата на новоотворениот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ и ќе му го обелодени идентитетот на здружението за истото да може да покрене приватна тужба.

„На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

УПОЗ РЕАГИРА ЗА ПЛАТИТЕ

Од Синдикатот на УПОЗ велат дека со кратење на платите на вработените ќе се покрива неспособноста на Владата. 

„Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме? Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работата од дома, ќе добијат помала плата од 10 до 30 отсто. Тоа значи дека како награда за работа од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење, храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата. Со еден потег, Владата ги укина Синдикатите и Колективното договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано. Ќе дочекаме за првпат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголемата финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата. Со ваквите постапки, Владата единствено успеа да го навлече бесот на вработените и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и бесот кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни“, реагираат тие. 

ПРАВНИОТ ТИМ НА РАШКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СОФТВЕРОТ Е НАБАВЕН СО ОДЛУКА НА ВЛАДАТА

Правниот тим на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски во соопштение испратено до медиумите информира дека софтверот е набавен со Одлука на Влада, со документ за технички прием и во целосно легитимна постапка ова го потврдува и ОЈО со материјалните докази. 

Велат дека постои одлука на Владата за набавка на „спорниот“ софтвер којашто датира од декември 2019 година. Додаваат дека постојат и документи што потврдуваат дека софтверот има технички прием и тоа значи дека е почитувана целосно постапката за набавка во Влада и дека целиот процес е легитимен.

НОВИ НАПАДИ ВО УКРАИНА

По нападот на зграда ноќеска во рускиот град Миколаив, спасено е 11 годишно момче. 

Ова го објави Олександер Шерба, поранешен украински амбасадор во Украина. 

„11-годишно момче е спасено по уште еден варварски напад врз Миколаив“, напиша тој на Твитер.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Германија и годинава останува нашиот најголем и најважен трговски партнер. А што е најважно во размената со оваа земја имаме и трговски суфицит. Раст на извозот бележиме во трговијата со Белгија, Грција, Турција и Италија.

На 30 септември му се исплатени 5,5 милиони евра на ЈП „Национални шуми“ како државна помош за справување со кризата, што претставува финансиски рекорд што една влада го има трансферирано кон едно јавно претпријатие досега.

За краток временски период во јавноста беше обзнането дека државата се задолжува преку два различни инструменти и притоа ќе добие скоро 800 милиони евра, или 530 милиони евра од ММФ кои беа најавени пред два дена, но и 250 милиони евра преку издавање германска обврзница.

Државата во последниве два три месеци забрзано ги полни стоковите резерви со пченица. Тоа го покажуваат две веб страници, една е онаа за е-набавки, а другата е платформата Отворени финансии, која говори кои и колку исплати се направени од државни органи, и кон кои компании.

Владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници не се насочени кон УПОЗ, ниту се однесуваат кон некого лично. Тоа се насоки за цел јавен сектор, за сите, рече вицепремиерот за екпономски прашања Фатмир Битиќи, за одлуките од 88 седница на Владата од која протече записник, а се однесува на вработените во јавниот сектор. 

Една од владините мерки и препораки е консолидација на расходите за стоки и услуги и ниивно намалување за 20 отсто во однос на фискалната рамка за 2023 година.  Во тие мерки се наведува дека вака може да се оствари заштеда до три милијарди денари, или околу 50 милиони евра.

Организациите од Украина кои се занимаваат со промоција  на туризмот велат дека откако војната ќе заврши, солидарноста на светот и посетите на странските туристи можат да помогнат за побрза обнова на земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции откако Силјановска Давкова ја изостави „Северна“, Грција споменува и можност за вето

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада